Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Гана ја обедини Африка

Континентот го слави успехот на момчињата на Милован Раевац кои ги елиминираа САД со 2:1 и се пласираа во четврт-финалето

Сашко Ѓ. Димовски

Фудбалската репрезентација на Гана ја обедини Африка. „Црните звезди“, како што е прекарот на тимот, сега не се звезди само во својата земја, тие се звезди на нивниот континент. Останаа единствени во одбрана на честа на африканскиот фудбал на Светското првенство во Јужна Африка. Целиот континент ги слави момчињата на Милован Рајевац, човекот кој, можеби е најзаслужниот, за фудбалската екстаза во Африка. Го призна тоа и американскиот селектор, Боб Бредли.

„Гана поседува талентиран тим, тим сосветла иднина. Мислам дека Милован Рајевац направи одлична работа во организација на тимот. Тоа е очигледно“.

Во ниту еден меч на мундијалот во Јужна Африка селекцијата на Гана не беше инфериорна. За тоа никој не може да им забележи на ганските репрезентативци. Рамноправно се носеа и со фаворитот во групата, Германија, од кого загубија со минимални 1:0, но оставија одличен впечаток. Не дозволија никој да се изживува врз неа, физички демонстрираа одлична подготвеност, психолошка стабилност, на моменти имаа мала недисциплина и недоволна созреаност да одговорат на тактичките замисли во текот на сите 90 минути, но тоа го дополнуваа со фанатична борбеност, игра со срце, жар, желба за надигрување и победа. И засега тоа им носи резултат.

Рајевац е на кормило на тим во кои нема звезди, тим во кој сите играат за колективот, а не за поединец како што е случај во некои од останатите учеснички на ова СП. Впрочем на тоа треба да се гледа како најсилно оружје на последниот фудбалски мохиканец на 19. мундијал во Јужна Африка. На стартот Гана ја победи Србија со 1:0, во вториот меч ремизира со Австралија (1:1) и во екот на разочарување од настапот на останатите африкански селекции Гана се погрижи за продолжување на фудбалскиот сон на Африканците.

„Најсреќен човек сум на светот. Ние сме третата африканска држава која успеала да стигне до четврт-финалето. Во 2006 година успеавме да се пласираме во вториот круг, а сега отидовме чекор подалеку. Направивме Гана, но и Африка, да биде горда“, изјави воодушевениот напаѓач на француски Рен, Асамоа Гјан. Погодокот на неговиот соиграч, Кевин-Принс Боатенг во петтата минута е третиот најбрз гол на една африканска репрезентација на Светските првенства. Интересно е дека и најбрзиот гол е сопственост на играч на Гана и токму на Гјан на СП 2006 уште во втората минута успеа да ја начне мрежата на Чешка.

Жителите на Гана масовно излегоа на улиците и со танци до раните утрински часови ја прославуваа победата на нивната фудбалска репрезентација над Американците во осминафиналето на Светското првенство во Јужна Африка.

„Победивме за цела Африка, но и за сите сиромашни бидејќи, сепак, ги елиминиравме моќните Соединети Американски Држави“, изјави еден од многуте навивачи на улиците на Акра, главниот град на Гана.

Гана е единствена африканска репрезентација која ја мина групната фаза на ова СП и, по Камерун и Сенегал, само трета селекција од Црниот континент што обезбеди четвртфинален билет на мундијалите.

Цела Гана со многу емоции го гледаше дуелот со Американците. Последниот судиски свиреж во продожението од мечот значеше почетокот на големиот карневал. Иако нивните односи со САД се одлични, земјата беше првата африканска дестинација за претседателот Барак Обама по неговата инаугурација, сепак, Ганците постојано го истакнуваа триумфот над најмоќната светска сила.

„Yes we can“, беше огромниот наслов во дневниот весник „Accra Times“ кој додава дека Гана против Уругвај има историска можност да стигне до полуфиналето каде ниту една африканска селекција досега не била.

Американците,пак, тешко го поднесоа поразот по продолженијата. Спортската ТВ станица ESPN пренесе дека болката за поразот во дополнитените 2х15 минути е големата, потсети дека американските фудбалери досега успеаја да анулираат негатива во натпреварите против Англија и Словенија, но Гана овојпат беше пресилна.

„Ова беше една битка премногу за нас“, вели ESPN.

Мечот го гледаше и претседателот Барак Обама на состанокот на групата Г-20 во Торонто и според извори од Белата куќа тој беше особено нервозен во истекот на продолженија кога Американците напаѓаа за израмнување. Поранешниот претседател, Бил Клинтон, исто така грицкаше нокти меѓутоа во ВИП ложата на стадионот во Рустенбург заедно со вокалистот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер. Клинтон беше и во мечот со Алжир и поради дуелот со Гана гопродолжи својот престој во Јужна Африка. И Џегер навиваше за Американците, но не беше посебно тажен по средбата, неговата Англија вчера попладне играше со Германија во третата осминафинална пресметка на СП 2010. Во ВИП ложата на стадионот во Рустенбург беше видена и звездата на НБА лигата и Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант.


#
Статијата е прочитана 854 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фетел го издржа хаосот во Валенсија
Меси
ФИФА ги призна проблемите со Јабулани
Јужнокорејски навивачи
Надал виде зорт и против Печнер
Доминација на Лоренсо и во Холандија
Роси планира да се врати на ГН на Чешка