Меси: Често се сеќавам на зборовите на Коби дека сум најдобар
Одамна се знае за љубовта која Коби Брајант, сјајниот НБА кошаркар и водач на Л.А Лејкерси, ја чувствува за фудбалот. А, се знае и колку ја почитува играта на Лео Меси.
За време на Олимписките игри во Пекинг 2008 година Коби Брајант можеше да се види на трибините на многу борилишта, ама фудбалот беше најголемиот магнет за него. Сега, за време на траењето на Светското првенство, многу очи се вперени во Меси, предводникот на аргентинската репрезентација. Еден вид мотивација Меси црпи од зборовите што му ги упати Коби за време на ОИ, каде ѕвездата на Барса ја одведе Аргентина до златниот медал.
„Каде е Меси, сакам да го видам Меси“, говореше Брајант пред состанокот во четири очи со Аргентинецот. Кога се сретнаа , тогашниот 29 годишник Брајант му кажа на осум години помаладиот Меси.
„Ти си тој Лео. Ти си најдобар, ти си сјаен. Не заборавај, ти си најдобар“. Потоа Меси понекогаш во јавноста се потсетуваше на тие зборови, па знаеше да каже. „Да се биде успешен спортист значи да се сретнете со еднакви спортски величини. Тоа е она што ме усреќува, но и она што ме подигнува. Средбата со Брајант во Пекинг е случка на која со задоволство се потсетувам. Неговите зборови често ми одѕвонуваат во ушите“.
Меси на тоа се потсети и за време на ова првенство. „Пораката на Брајант и натаму е голема мотивација за мене“.
Кога сме веќе кај Брајант, тој се осврна на раното испаѓање на Италија. Да потсетиме, Брајант како шестгодишник кратко време живеел во Италија.
„Штета, не очекував рана елиминација. Но, ќе се вратиме ние за четири години. Многу посилни отколку сега“, зборуваше Брајант за Италијанците како за „нас“.
Секако тој го следи комлетното Светско првенство по освојувањето на втората по ред титула со Л.А Лејкерс во НБА лигата. |