Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Роси планира да се врати на ГН на Чешка

Валентино Роси се надева дека ќе се врати на патеката на Чешкото гран-при во август. Повредениот шампион во Мото ГП е задоволен од начинот на кој се одвива неговото закрепнување од фрактурата на ногата на своето домашно гран-при пред три недели.

„Одам со патерици и од пред некој ден можам да ја ставам ногата на под“, вели тој. „Искрено, не очекував да се чувствувам олку добро само три седмици по инцидентот, и во физичка и во психичка смисла“.

На Роси му недостигал падокот во Мото ГП, бил способен да излегува од дома, користел комора под висок притисок и изведувал некакви вежби во теретана.

„За жал, рамото се' уште ми предизвикува болка, но работам на мускулите за малку да ја намалам тегобата“, додава 31-годишниот возач на Јамаха, чијшто тимски колега Хорхе Лоренсо победи во двете последни трки и сега е воводство во вкупниот поредок со разлика од 47 поени. „Ако рехабилитацијата се одвива без потешкотии и ако се' продолжи да се одвива на овој начин, тогаш мојата цел е да се вратам на Големата награда на Чешка во Брно“.

Трката што ќе се одржи на 15 август ќе биде десетта во годинашниот календар со 18 натпревари.


#
Статијата е прочитана 211 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фетел го издржа хаосот во Валенсија
Гана ја обедини Африка
Меси
ФИФА ги призна проблемите со Јабулани
Јужнокорејски навивачи
Надал виде зорт и против Печнер
Доминација на Лоренсо и во Холандија