Доминација на Лоренсо и во Холандија
Водечкиот во шампионатот во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Лоренсо од Јамаха, ја забележа својата четврта победа сезонава, триумфирајќи во трката за Големата награда на Холандија во Асен. Пред речиси 97.000 гледачи неговиот сонародник Дани Педроса од Хонда го освои второто место, а трет заврши Австралиецот Кејси Стоунер од Дукати, што е негов прв подиум сезонава.
Во 80. издание на холандското гран-при, Лоренсо, кој ја имаше пол-позицијата, низ целта влезе со предност од околу три секунди и го зголеми своето водство во вкупниот поредок на 47 поени.
„Се' функционира како часовник. Хорхе е задоволен од својот мотоцикл и е неверојатно константен во формата“, изјави неговиот менаџер Вилко Зеленберг.
Италијанецот Марко Меландри ја пропушти трката откако го измести рамото по падот во петокот. Отсуствуваше и бранителот на титулата и лански победник во Асен, Валентинот Роси од Јамаха, поради скршеница на ногата во Муџело, која ќе го оддалечи од патеките неколку месеци. |