Прогноза
Студен бран ќе донесе пониски температури и невреме со дожд
Студена воздушна маса од северозападна Европа денеска попладне ќе предизвика дожд и намалување на температурите. Во северните и источните делови на земјата се очекува и невреме проследено со дожд и северен ветер, а во јужните делови ќе врне дожд во текот на ноќта. Температурите ќе опаднат за десетина степени.
Променливото време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржи и во наредните денови. Утре ќе биде променливо облачно со локален дожд и ќе дува северен ветер. Температурите ќе се движат од 17 до 25 Целзиусови степени. В четврток, според УХМР, се очекува пробив за западно струење кое ќе предизвика врнежи од дожд и задржување на ниските температури.
В петок, синоптичарите очекуваат стабилизирање на времето со минимално покачување на дневните температури до 27 Целзиусови степени. Во текот на викендот времето ќе биде променливо и облачно, а температурите ќе се покачат до 30 степени. (С.Н.) |