Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Писмото на Груевски го чека Баросо

Поради белгискиот национален празник, Комисијата се' уште нема коментар за пишувањата на премиерот

Брисел - Писмото на премиерот Никола Груевски до претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, го чека завршувањето на националниот празник на Белгија и, според најавите од дежурниот портпарол Џон Кленси, евентуално ќе биде прокоментирано денес. Писмото до Баросо се најде и на масата на еврокомесарот Оли Рен, но знаејќи ја практиката на ЕК да не се зафаќа со вакви спорови, тоа веројатно ќе биде уште еден доказ за Брисел дека спорот за името треба да се реши што поскоро.

Содржината на писмото, односно негирањето на правата на македонското малцинство не е непозната работа за земјите-членки на Унијата и за Европската комисија, која одамна има изготвено студија за состојбата на овој план во Грција, која ПОВЕЌЕ ОД една деценија фаќа праВ во Брисел. Декларативно ЕУ е целосно определена за почитување на човековите права, ставајќи ги во тој контекст, но во сенка, и правата на малцинствата. Приемот на Бугарија и фактот дека тоа не влијаеше на подобрување на состојбата со македонското малцинство таму, ниту пак се слушна за таков проблем во ЕУ, е најдобар пример што треба да очекува Груевски од Баросо, кој се обидува да турка агенда за наредниот век на Унијата, а Македонија со вакви теми го враќа во минатото. Европската комисија повеќе од два месеца не може да најде решение и за сосема легитимната реакција на Македонија околу забранетите прелети на МАТ на грчка територија, па Баросо веројатно е погрешната адреса за нашата „крстоносна војна“ со Грција, во време кога му е потребна грчката поддршка да остане и натаму на позицијата на која е сега.

Декларативно, ЕУ ги регулира правата на малцинствата во Повелбата за фундаментални права во која стои дека „се повикува за заштита на културната, религозна и јазична различност и се поддржува принципот на целосно уживање на правата и слободите без дискриминација, вклучувајќи го и припаѓањето на национално малцинство“. Исто така, во член 13 од основниот документ на ЕУ се овозможува на ЕК да преземе соодветни акции за да се справи со корупцијата, меѓу другото и на етничка основа.

Минатата 2007 година сите земји-членки требаше да формираат национални тела кои требаше да развијат национални стратегии како да се справат со дискриминацијата на разни основи, па и на етничката, но досега целата активност се сведе на спречување на социјалната и економската дискриминација, без да се спомнат и со една буква политичките права на малцинствата во земјите-членки. Пред големиот бран на проширување на ЕУ десетте источноевропски и други земји-членки мораа да ги решат прашањата околу правата на малцинствата пред да ги потпишат протоколите за приклучување, и тоа го направија по барање, но не и интервенција и мешање на ЕУ. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1336 пати.

Испрати коментар

Од: stojkovski
Датум: 22.07.2008 03:01:28
Edno golemo bravi za Gruevski. NIkoj dosega ne se ni drzna da prasa za nas Egejcite a ne da postavuva prasanja. Gligorov duri ne izbrisa od ustavot. Crvenkovski ni go smeni znameto. Bravo Gruevski. Da ni zivees sto godini i da ostanes na vlas sto poveke za da se ispravat site greski i stradanija koi predhodnicite/komunistite ni gi nanesoa. Zasto ova ne se objaviva(zar vakva vi e demokratijata utrinski)
Од: Зоран
Датум: 22.07.2008 12:27:52
"Баросо, кој се обидува да турка агенда за наредниот век на Унијата, а Македонија со вакви теми го враќа во минатото..." Браво, многу сте паметни вака посабајлечки. Македонија е кабаетлија, велиш?
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 22.07.2008 14:10:53
" Moralniot ideal " koj go nametnuvaat Grcite na svetot za da dokazat deka MAKEDONSKI NACIONALEN i KULTUREN IDENTITET ne postoi bazira na NEMORALNI SREDSTVA :NASILSTVO,LAGI ,KLEVETI i NEPRAVDI !!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Без дебата, молам!
Македонскиот јазик ќе се штити со глоба во евра
Зденко
Уапсен Радован Караџиќ
И новата влада ќе биде изгласана без опозицијата?
Драмата на Егејците (20)
Парното во Скопје поскапе за 60 отсто
Чуму политика дедо Стефане?
Девалвација на парламентот - закон за 35 секунди!
Нови мистерии околу крвната група на новинарот Владо Танески
Арогантни господари
Студен бран ќе донесе пониски температури и невреме со дожд
Со државата против државата
Бугарија ќе го одвлече и регионот подалеку од Унијата
Verbatim