Поголеми казни за нелекториран текст се новите измени на Законот за употреба на македонскиот јазик
Сите македонски фирми, институции, општини, медиуми... наскоро ќе мора да почнат сериозно да се занимаваат со правилна употреба на македонскиот јазик. Оние што се задолжени за рекламните паноа, на пример, доколку бидат напишани на латинско писмо, ќе платат висока казна. Фирмите, излозите, кафулињата, рестораните... своите натписи ќе мора да ги транскрибираат од латинско на кирилско писмо, освен оние странски фирми чии имиња се еднакво исти насекаде во светот. Одделни емисии во електронските медиуми, пак, наместо на англиски јазик, отсега ќе носат наслови на македонски јазик. Граѓаните велат дека е добро да се користат натписите на македонски јазик, но дека дел од нив преведени би звучеле смешно. На пример, „Нико шоп“ сега би го носел името „Нико продавница“, „Томато продукција“ би била „Продукција домат“, „Плеј-кафе“ би било „Кафе-игра“ итн.
Поминаа повеќе од десет години откако се донесе Законот за употреба на македонскиот јазик, но тој, според тврдењата на многумина компетентни, не се почитуваше. Деновиве, Собранието на РМ ги изгласа неговите измени и дополнувања кои ќе стапат во сила откако ќе се објават во „Службен весник“. Тоа подразбира секој нелекториран текст што ќе го објават правни лица, фирми, медиуми, општини, институции ќе плати глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра. Глоба во износ од 700 до 900 евра, пак, ќе платат оние што дозволиле да се објави нелекторираниот текст. Со новите измени и дополнувања на Законот за употреба на македонскиот јазик, казните за отстапки од неговата правилна употреба драстично се зголемени од првичните суми. Иако досега не се познати казнувања за неправилна употреба на македонскиот јазик, сепак, во Законот стои дека со парична казна од 10.000 до 200.000 денари биле казнувани правните лица, додека за одговорните казната изнесувала од 1.000 до 35.000 денари. Причина да се донесат измените на овој закон, односно да се зголеми висината на казните, според поддржувачите на измените, е да се подигне свеста за значењето на јазичната култура во Македонија, со тоа да се зачува нормата на јавната употреба на македонскиот јазик.
„Во активностите на Годината на македонскиот јазик сите прашања околу неговата употреба беа разработувани. Со оваа манифестација се направи голем напредок. Институтот за македонски јазик може да дава сугестии како треба да се почитува јазикот, но не може никого да спречи како да го употребува. Сепак, тоа е работа на извршната власт. Добро е да се спроведуваат начини како правилно да се употребува македонскиот јазик, но не сум категорична дека не можеме да оставиме и простор за нешто што доаѓа. Односно, треба да бидеме подготвени за глобализацијата што го опфаќа јазикот, а таа влијае врз сите јазици на светот“, вели д-р Снежана Веновска - Антевска, научен советник во Институот за македонски јазик. Таа истакнува дека е добро што се спроведува Законот, но дека е добро, исто така, да постојат активности, како што беше манифестацијата „Година на македонскиот јазик“, кои ќе влијаат кон подигнување на свеста за сопствениот јазик.
Измените и дополнувањата на Законот за употреба на македонскиот јазик доаѓаат во годината која УНЕСКО ја прогласи за Година на мајчините јазици, а со тоа македонската Влада за Година на македонскиот јазик. Една од кампањите во Годината на македонскиот јазик беше токму неговата правилна употреба, особено на оние лица што се појавуваат во јавноста. Меѓу нив, и политичарите. Лорета Георгиевска - Јаковлева, директорка на Институтот за македонска литература, вели дека политичарите треба да имаат обврска правилно да го применуваат македонскиот јазик. „Кај политичарите се забележува виден напредок на правилна употреба на македонскиот јазик, односно желба тој правилно да се користи, што е за пофалба. И претседателот Бранко Црвенковски се труди, во суштина, колку што е можно поправилно да го употребува македонскиот јазик, но треба да му се укаже дека акцентот му е погрешен на повеќеслоговните и на членуваните зборови“, вели Георгиевска - Јаковлева. Таа посочува на катастрофалните грешки на употреба на македонскиот јазик, особено на веб-страниците на министерствата. „Особено голем број грешки се забележуваат на веб-страницата на Министерството за наука и образование. И собраниската веб-страница е полна со јазични грешки, но тоа е присутно и во законите. На пример, во најновиот Закон за високото образование стои рецензиона комисија наместо рецензентска“.
Сведоци сме во последно време на нелекторирани книги, списанија, на несоодветни преводи на телевизиски емисии и филмови... Георгиевска - Јаковлева вели дека постојат низа лекторирани книги, на пример, но полни со грешки. „Лекторирањето, секако, треба да биде задолжително за сите, меѓутоа и лекторот треба да има одговорност. Не да се бара само одговорноста кај куќите да ангажираат лектор. Туку да се одредат казни и за лекторите кои недоволно сериозно пристапуваат кон лекторирањето одреден текст, со тоа и да ја изгубат лекторската лиценца. Значи, казни не само за институциите, туку и за лекторите“, потенцира Георгиевска - Јаковлева.
Законот за употребата на македонскиот јазик ќе го спроведува Советот за македонски јазик и инспекциските служби на Министерството за култура. Измените и дополнувањата на Законот ќе се применуваат, велат од Министерството, се' додека не се назначи нов министер за култура. (Т.И.)
Ова навистина е за поздрав.Нашето битисување ке го зачуваме ако го негуваме и нашиот мајчин јазик.И во контекст на ова апелирам-сите што испраќате коментари,потрудете се тоа да го правите на кирилица!
Од: Vasco Beleski
Датум: 22.07.2008 01:01:25
A vazi ova i za albancite?
Од: Blaze Koneski (do administratorot: ako ti preci imeto, smeni go vo "Realist")
Датум: 22.07.2008 01:43:24
Postojat nekolku vesnici i barem edna televizija koi, od pocetokot na 2008, sistematski koristat srpska forma na mnozina vo nivnite tekstovi i prilozi. Na primer, za mnozina od "denar", "dolar", "kilometar", "milion", tie vikaat "DENARA", "DOLARA", "KILOMETRA", "MILIONA". Ne 2500, so 250.000 EUR treba da gi kaznat ovie (A1, Vreme, Spic) za vakvo bezobrazno siluvanje na makedonskiot jazik. Sto se odnesuva na drugite mediumi, ima takvi sto dosta daleku zabeguvaat so "prosiruvanje na makedonskiot jazik so novi moderni zborovi", kako na primer "DEVASTACIJA" (eng. "devastate" "devastation", mk opustoshi, opustoshuvanje), da ne zboruvam za "ROLJA" (eng "roll", mk "uloga"), "ARTIST", "TENZIJA" (mnogu e smesno koga novinarite kje napisat "SITUACIJATA BESE NAPNATA I TENZICNA"), i sl. Alooo, svestete se, kje ni otide jazikot!
Од: mitko protiv seljancugite
Датум: 22.07.2008 02:36:42
I jas sakam da dadam mal pridones vo socuvuvanjeto na jazikot. Jas kako i mnogu drugi luge imam primeteno deka vo nasata zemja postojat nekolku regioni vo koi na krajno nepravilen nacin se govori nasiot jazik. Da nabrojam nekolku od niv: Ohrid, Strumica, Gevgelija, Tikves i sl. Slusajki gi kako ovie luge govorat smetam deka problemot so nivnite govori ne moze da resi so paricni kazni. Duri ni so zatvorski. Zatoa bi predlozil brzi egzekucii. Cim ke cueme nekoj vo Ohrid da kaze "placki" (obleka ne kukumavki jasno) vednas davenje vo ezero. Cim nekoj vo Strumica ke kaze "frenki" (ne Frankie Goes to Hollywood), vednas kursum vo celo, i taka natamu na toj nacin i problemot vednas celosno ke bide resen i site ke zboruvame kako profesionalni lektori i D-r Snezana Venovska-Anteva i Loreta mnogu ke ne zasakaat. Nazalost imajki predvid deka jas pisuvam na latinica a ne na kirilskoto pismo smetam deka ke mora da se samoubijam za primer. Zatoa zbogum. Zeno dodaj mi ja kofata so voda.
Од: saso
Датум: 22.07.2008 08:03:41
hahaahhaha, koj ke gi prevede ovie zborovi,
dete, vujko, majka, tatko, znam neznam, sto, no, vreme, vesti, iste se i srpsi i makedonski hahahhaha, kazni, gluposti
Од: Richard
Датум: 22.07.2008 09:01:46
Mene ovaa odlukaa mi izgleda mnogu nacionalisticka. Golema glupost e stranskite brendovi da se transkribiraat na kirilica. Drzavata ni tone, a nie sme se fatile za vlakno.
Од: jin i jang
Датум: 22.07.2008 09:26:16
e ova e super.redno e da se zastiti nasiot jazik.ama od kogo.od tie takvi kako latas.majku mu pa toj nema dva zbora makedonski vo sebe a vodi dnevnik.sramota
Од: Ивана
Датум: 22.07.2008 09:43:51
Јазикот е богатство, постојано се менува, се збогатува...Дијалектите се тоа што го прават еден јазик. Апсолутно сум ЗА употреба на дијалектите,барем македонскиот јазик може да се пофали со богатство на дијалекти. Тоа е уметноста на еден јазик, зачинот што го прави атрактивен и пожелен. Она што се нарекува стандарден јазик е јазик кој е многу сувопарен. Се сложувам дека во официјална комуникација, средби, списанија, весници, вести...треба да се користи стандарден јазик (или литературен ако сакате повеќе). Но, мислам дека во литературно дело, реклами, говор и слично, дијалектите вршат една голема работа на изразување кој стандардниот јазик не може да го постигне. Бидете малце поотворени кон јазикот, има толку многу избор и потенцијал во дијалектите. Видете само што направија Хрватите со својот јазик. Треба да земеме пример од нив.
Дали К15 ќе беше толку смешно да не зборуваа на дијалект?
Лично јас кога слушам кавадаречки или кумановски ми е преубаво, ако сум од Охрид.
Од: Гаврил
Датум: 22.07.2008 09:56:02
Зашто пишувате сите си латински букви? Вака ли jа заштитувате кирилицата?
Од: Александар Петковски
Датум: 22.07.2008 10:19:07
Македонија пробува да го направи она што Словенија, Хрватска и Србија го завршија пред 10-15 години. Битно е да си го очуваме јаѕикот и идентитетот и народот да почне патриотски да размислува за се.Не, не сум ни за ВМРО ни за СДСМ. Да живее Македонија и македонскиот народ!!!
Од: граѓанин-ох
Датум: 22.07.2008 10:58:39
Господ да ни е на помош. Ова вмровциве скроз забегаа.Упорно чекорат кон самоизолација.Очекувам набрзо да ни достават и попис на лични имиња кои може да се користат а можеби и некои зборови од јазикот на нашите предци Хундзите.Па луѓе аку не знае Грујо во Македонија доаѓаат и странци.
Од: Дани
Датум: 22.07.2008 11:08:21
Многу е точна и на место забелешката за г-динот Б.Црвенковски за грешењето на акцентот кај повеќесложните и членуваните именки, што мене, како лингвист и голем почитувач на мајчиниот јазик, многу ми пречи. И повеќето негови сопартијци, како и актуелната лидерка го прават истото. Слушајќи ги, секогаш се прашувам зошто сакаат јазикот да го доближуваме до бугарскиот (и онака соседите одвај чекаат) и зарем мислат дека звучат скопски??? Напротив.
Од: Игор
Датум: 22.07.2008 12:15:18
Паметно... Одвратно ми е кога ќе видам некоја банална правописна грешка.
Но, сепак... се надевам дека нема да претераат со ова.
Од: весна
Датум: 22.07.2008 12:15:24
Убаво е да има правила и законски норми за употребата на литературниот јазик. Но не треба да се забегува. Демократски е секој да истакне каква што смета фирма, па дури и да нема букви. Сепак сите фирми се регистрирани на Македонска кирилица и имаат печат на македонски јазик. Многу ме интересира како овој закон ќе се примени во Струмица, Кичево. Таму има многу луѓе кои имале петки по Македонски јазик во школо а не се способни да напишат ниту една единствена реченица на литературен Македонски јазик. Не зборувам за акцетите во говорот, зборувам за обична граматика и за фонд на зборови.
Од: Ангелова
Датум: 22.07.2008 12:30:44
Јазикот е жива материја... Министерството, Советот и сите надлежни институции да размислат како да ги освежуваат и надградуваат знаењата на лекторите, на наставниците и на сите што работат со македонскиот јазик. Инспекторите да го засилат работењето и да најдат начин да дејствуваат локално.
Од: Неписмен
Датум: 22.07.2008 13:19:06
Гледам навистина нашиве граѓани се залагаат за зачувување на македонскиот јазик. Затоа коментариве се во најголем дел на латиница. Господинот што користи псевдоним “Блаже Конески„ по се изгледа дека ја нема прочитано граматиката од истоимениот автор. Тој тврди дека “денара„ и “километра„ биле т.н. “српска„ множина. Му советувам да прочита малку македонска граматика од Блаже Конески и нека побара “избројана множина„ во истата.
Од: Анита
Датум: 22.07.2008 13:50:01
До: Митко против сељачугите
Почитув��н г-не Митко,
Гледам дека се правите голем фраер. Се залагате за изумирање на дијалектите. Добро. Давење, бесење и сл. Во тој случај би ве замолила сами да си го изберете начинот на егзекуција поради вашата употреба на србизми во горенаведениот текст. Ако не, тогаш јас ќе ја изберам казната, а таа ќе биде строга. Верувајте ми.
Од: citatelka
Датум: 22.07.2008 15:23:20
Митко, абе џабе везеш пак не те разбираат.Од текст полн со иронија, сарказам, алегорија или како веќе да го наречеме, Анита-ва од подоле ама баш ништо не разбрала, па ти ја извртела тезата.А така си јасен! Е сега е јасно з-ш Грујо така добро се котира, брате само прости и едвај некоја просто-проширена реченица за Анита и 500.000 да те разберат, и така всушност и се брани македонскиот јазик и култура. Нели? А и на оној другион, не знаев дека скопскиот (на Бранко???) е бугарски?? Мислев дека изобилува со србизми а очигледно браќава ниту Горана (Стефановски) не го читале. Да, наистина изобилуваме со памет.