Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Постери од малата Ангела на сите гранични премини

Доколку некој ја видел малата Ангела - да се јави на дежурниот телефон 192 или во најблиската полициска станица

ПРИЛЕП - Шести ден полицијата вложува максимални напори за да го пронајде исчезнатото шестгодишно девојче од мариовското село Дуње, но неуспешно. Распишана е меѓународна потерница за пронаоѓање на малата Ангела. Ќе бидат испечатени илјадници плакати што ќе бидат поставени на сите места во регионот каде што исчезна девојчето, но и на сите гранични премини.

„Интерпол од Скопје воспостави контакт со Интерпол од Лион и во тек е постапка за распишување меѓународна потрага по девојчето. Од семејството веќе добивме согласност и постерите ќе бидат дистрибуирани секаде, особено на граничните премини“, информира Иво Котевски од МВР.

Вчера околу 130 полицајци, координирани од високи функционери на МВР, повторно го чешлаа теренот во Дуње, но и сите страни во Мариовско.

Во семејството на Ангела само плач, гнев и револт кон судбината, која им ја донесе оваа несреќа.

Ангела исчезна во четвртокот минатата седмица, откако нејзината прва братучетка Стојна ја испратила 200 метри на патот кон дома. Стојна повторно се вратила кај соседите, а Ангела не пристигнала дома.

Полицијата пронајде траги, но засега нема осомничени. Разговарано е со сите шеесетина жители на Дуње, но резултати нема. Ангела како да пропадна в земја, како што велат Мариовци. Бабата на Ангела, Драгица Шиклоска, уште пред три дена изјави дека се сомнева оти нејзината внука е киднапирана.

„Каде може да исчезне дете што се родило во селово. Тоа не е можно. Се сомневам дека е грабната“, крајно вознемирена рече Шиклоска.

Како што објавивме вчера, Ангела била облечена во бела блуза со карта на Македонија во црвена боја, на која што имало натп��с „шампиони“. Според описот даден в полиција, носела сини тренерки и розови влечки. Девојчето е високо околу 115 см, има костенлива коса и кафени очи. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 1004 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Нелегален бизнис со дрва на Попова Шапка
Почна судењето за убиството на полицаецот кај ПМФ во Скопје
Работник тешко повреден по пад од скопскиот стадион
Кумановец пронајден мртов во Градиште
Го пробол со нож и побегнал
Наводнувал нива, го удрила струја