Работник тешко повреден по пад од скопскиот стадион
Градежен работник е тешко повреден по пад од скопскиот стадион, при изведба на градежни работи на северната трибина. Тој веднаш бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје и се наоѓа во критична состојба.
Полицијата била известена за несреќата околу 12.30 часот, дека педесет и петгодишниот работник се повредил при изведувањето на завршните работи околу изградбата на северната трибина на скопскиот стадион „Филип Втори Македонски“.
Тој е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во Скопје, од каде што информираат дека градежниот работник се здобил со повреди на главата и на стомакот. Лекарите стравуваа дека има повреди на слезината и внатрешно крвавење, така што вчера итно го оперираа.
Директорот на Ургентниот центар, Реџеп Селмани, за МИА изјави дека по тешкото паѓање работникот околу 9 часот бил пренесен прво во Воeната болница, а потоа оттаму на Клиниката за неврохирургија. „Работникот е во животна опасност. Неговата здравствена состојба е критична. Моментно е во коматозна состојба, а по направените снимки е констатирано внатрешно крвавење во пределот на главата“, вели Селмани.
Трудовите инспектори вчера излегле на терен да направат увид за причините за несреќата, но се' уште не се соопштуваат детали за тоа што утврдила инспекцијата.
„Наши инспектори излегоа на терен за да утврдат што се случило. Кои се причините за несреќата ќе се знае откако ќе се изготви записникот од направениот увид. Доколку има неправилности ќе се преземат определени мерки и санкции во согласност со законот“, велат од Државниот инспекторат за труд. (Х.Р.)
И повторно ист случај како при изградбата на салата Борис Трајковски. На објекти финансирани од владата, не се почитува Законот за безбедност и здравје при работа, нити инспектори се појавуваат на терен. Ако владата не ги почитува законите, како може да бара други да ги почитуваат ?
Од: Milan
Датум: 29.07.2009 10:49:42
Dokolku istragata go najde za vinoven nekogo od vrabotenite na "Beton" vinoven treba da bide i nekoj od inspektorite koi ne go posetile gradilisteto vo prethodniot period. A dokolku inspektorite go posetile gradilisteto , a nisto ne zabelezale, togas nivnata krivica e tri pati pogolema. Toa znaci deka ne go razbiraat toa sto im e sekojdnevna zadaca. A nivniot rakovoditel (na inspekciskata sluzba) vece od denes treba da si bara druga rabota, bez da gi ceka "rezultatite od istragata".