Наводнувал нива, го удрила струја
Педесет и двегодишниот М.Р. од Мустафино, Свети Николе, се здобил со изгореници од прв степен при преместувањето на цевката за наводнување на нивата кога удрил во жиците од далеководот. Инцидентот се случил завчера, околу 22 часот, во атарот на селото. М.Р. е пренесен во Медицинскиот центар во Штип. (Г.А.)
|