Електронските картички во продажба до крај на неделава
Се' уште ги нема електронските картички на приватните превозници на „Слобода превоз“ што ги најавија дека ќе бидат во продажба од 1 септември. Во трафиките во централното градско подрачје велат дека електронските картички им биле најавени и ги очекуваат да пристигнат до крајот на неделава. Како што беше речено од претпријатието, тие најпрвин ќе се продаваат по промотивна цена. Ленин Јовановски, првиот човек на „Слобода превоз“, вчера не сакаше да ја открие ниту нивната цена, ниту што било врзано за таканаречениот смарт тикетинг-систем. Инаку, во стотина приватни автобуси веќе се инсталирани електронски уреди за читање на картичките. (Сн.К.)