Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Градот го чисти коритото на Вардар веќе шест месеци

По недоразбирањата помеѓу Владата и градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, околу чистењето на речното корито на Вардар, Градот вчера со писмен допис ја информираше јавноста за чекорите што ги презел за одржување на реката. Како што се вели во дописот, акцијата за одржувањето на минор-коритото започнала пред половина година и се одвивала во три фази. Коритото се чистело рачно и машински, за што од градскиот буџет биле издвоени 11,8 милиони денари, а изведувач било ЈП „Улици и патишта“. Во акцијата рачно се исчистиле косините, каналот на реката кај Крушопек, коритото на Водњански канал, а било извршено и машинско чистење на песочни наноси и тиња. Според договорот помеѓу Градот и претпријатието, од април годинава минор-коритото во урбаниот дел на Скопје се одржува, исто така, со средства до градскиот буџет.

„Одржување е планирано и за 2009 година, на површина од 85.000 квадратни метри. Планирано е да се почне и со фугирање на камената облога со цемент малтер на површина од 8.000 квадрати на локација спротиводно од зградата на Владата и низводно од булевар ‘Кочо Рацин‘“, посочуваат од Градот. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 02.09.2008 08:40:04
До кога владата со наши пари ќе демонстрира сила, наместо да воспостават комуникација со Институциите каде одговорните личности не се од ВМРО дпмне ? На таков начин ништо позитивно не се постигнува...
Од: Nikola
Датум: 02.09.2008 08:46:40
Te Vladata cisti, te gradot cisti... a gletkata strasna! Koritoto polno so otpadoci, stranicite obrasnati i polni so smet! Se cini deka i ednite, i drugite samo izigruvaat aktivnost i trosat pari na gradjanite. Dajte nadzor na ovie aktivnosti da pravi nekoja vistinska nevladina i "negradska" organizacija, gradjanite da cujat kade odat nivnite pari.
Од: Ana
Датум: 02.09.2008 14:49:53
luge, 11,8 milioni denari se 191.870,00 evra!!!!!!!!
Од: марко
Датум: 02.09.2008 16:25:45
А јас се чудам што ми свети толку многу во Скопје - тоа тие сите работни!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Газдата на „Рамстор“ ќе мора да и' го врати земјиштето на државата?!
АМСМ доби лиценца за обука за возачи
Планинарска тура на Голем Кораб
Електронските картички во продажба до крај на неделава

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.