Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

„Kaтимерини“: Лавовски кич во Скопје

Од нашиот дописник,Миркица Поповиќ

Атина - Скопските „постмодернистички“ лавови осамнаа на насловната на неделното издание на „Катимерини“. Големата врева околу поставувањето на лавовите стигна и до Грција, па весникот покажува интерес за темата со обемна репортажа со наслов „Лавовски кич во Скопје“.

Преку репортажата е претставен целиот проект, неговата вредност, разните видови скулптури кои се веќе поставени и кои се предвидени да осамнат во Скопје.

„Националистичкиот пароксизам на Никола Груевски сликовито е пресликан во центарот на Скопје. Гигантска статуа на Александар Велики, скулптури на херои на ’македонскиот народ‘, кои за свои ги смета и Бугарија, но и лавови се наоѓаат на главниот плоштад и низ целиот град, вештачки создавајќи ’македонски’ морал за населението“, пишува „Катимерини“.

Според весникот, целиот проект само дополнително ја потхранува антигрчката клима во државата и меѓу народот. „Жртва на ваквата антигрчка атмосфера неодам��а беше грчкиот фудбалер Сотирис Кирјакос, кој на натпреварот Ливерпул - Работнички во Скопје беше исвиркуван и навредуван секогаш кога топката ќе се доближеше до него“, се заклучува во репортажата на весникот.

Овој текст на „Катимерини“ е еден од ретките што покажуваат интерес за тоа што се случува во Скопје, малку и надвор од спорот со името. Во репортажата се претставени ставовите и на Владата и на опозицијата, како и различните реакции од албанските партии, на бугарската влада, но и реакциите и незадоволството на граѓаните за проектот.

Сепак, спорот за името и случувањата во нашата држава остануваат многу ниско на скалата на интерес на официјална Атина и на грчката јавност во овој период. Јанис Михалетос, аналитичар за Балканот при Институтот за анализа на безбедност и одбрана во Атина, вели дека повеќе од една година спорот за името е речиси изоставен од грчката политичка агенда поради домашните проблеми.

Според Михалетос, мали се шансите за наоѓање решение за името во скоро време, особено бидејќи во преговорите е вклучена и трета сила, Обединетите нации, која не е директно за��егната за тоа кога ќе се најде решение, па може да го одолжува процесот за да се врши притисок врз двете држави за одредени теми кога е потребно тоа. Целосно решение со кое ќе се стави крај на спорот, според него, тешко ќе се најде, бидејќи постојано ќе излегуваат проблеми од некоја страна. За договор околу спорот за името пред ноември, односно пред локалните избори во Грција, според Михалетос, не може ни да стане збор, бидејќи довербата во Јоргос Папандреу и неговата влада и онака е значително ослабена, поради што постои голема шанса ПАСОК да биде поразен на локалните избори.

Тој потсетува дека консеквенциите од економските мерки на владата на Папандреу ќе се видат во септемвриските плати и сметки, што ќе предизвика дополнителен шок и нагли негативни реакции во Грција, па владата не ќе може да ризикува да се справува со уште еден проблем како овој за името.

Според Михалетос, стабилноста на Балканот може да се постигне доколку дојде до договор меѓу Атина, Белград и Скопје, трите главни оски во регионот. Меѓутоа, додава тој, моменталните услови не даваат можност за постигнување таков договор. (M.П.)


#
Статијата е прочитана 6638 пати.

Испрати коментар

Од: Marko
Датум: 06.09.2010 12:19:44
Gospoda Grci, 15 godini Makedonija imase vlast koja ne pretendirase na antickoto minato, koja javno se otkaza od Aleksandar, koja go smeni znameto i Ustavot, a od vas nisto ne dobi. Sto ocekuvavte?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.09.2010 12:27:35
Добро,ајде да видиме во што згрешил „Катимерини“!Напишале дека Кичфигурини се прогласуваат за ремекдела!Што е тука неточно?Не само што се работи за Невиден Кичерај,туку се работи за Прескапо платен кичерај врз грбот на народот!Залудно кичмајсторите се идентификуваат со Пикасо,правдајќи го својот кичерај како „израз на уметничка слобода“!Сигурно е-Не се работи ниту за уметност,ниту за слобода,затоа што сите фигурини,тоа е повеќе од очигледно,се работени по Партиски Налог! (http://ajvandoktor.blogspot.com/2010/06/blog-post_2227.html)
Од: вераг
Датум: 06.09.2010 12:36:51
Полека ќе станеме славни во Европа по кичит на Груевски. Што знам,можеби ќе доаѓаат туриети за да гледаат кич во Скопје.
Од: A
Датум: 06.09.2010 12:45:30
На жалост се во право.
Од: "vodolija"
Датум: 06.09.2010 12:57:05
Dogovor za imeto na Makedonija ke se postigne na "KUKOVO LETO"i dodeka Vladata na Makedonija ja socinuvaat pretezno Egejci, Makedonija vo EU i vo NATO ke vleze na "KUKOVO LETO" so ovakov sostav na Vlada, poskoro ke se rasturi EU i NATO od kolku Makedonija da vleze vo EU i NATO. Zivi da sme pa da vidime !!!???
Од: Јанко
Датум: 06.09.2010 13:04:12
Марко,а што добивме ние со кичот?Го нагрдивме градот за инает на Грците?
Од: vasko
Датум: 06.09.2010 13:07:59
Ne mi e jasno zosto citirate grcki vesnici? Sto sakavte ili sto mislevte deka ke napishat, deka e nesto vo red so seto toa sto se pravi i gradi vo nashata drzava? Naprotiv, mislam deka ima zavist i ljubomora, zosto tie go nemaat toj fond i pari kaj niv i vo nivnata drzavna kasa, pa ne mozat nisto da pravat, zosto se vrakjaat nanazad, namesto da odat napred. A nashata zemja ne e clenka nitu na NATO nitu na EU, ama sepak so pametno vladeenje i razumna rabota so drzavnite pari toa go moze!
Од: vladimir
Датум: 06.09.2010 13:21:38
ova sdsm ovcite haha se raduvaat na sve sto ke napise grcki vesnik ili ke kaze nekoj niven politicar ,nevidena rabota
Од: ГРЧКО И БУГАРСКО
Датум: 06.09.2010 13:30:27
Грчкото и Бугарското е крадено. Се е македонско колку ми е мило колку сум сигурен . Да се е македонско Грција и Бугарија створија лажни митови а за нас пишуваат. Колку ми се смешни. Македонијо се гордеам со стебе и историското богатство кое го украдоа после империјалистичкиот злочин од 1913. Барем нешто ке спасиме.
Од: KPM
Датум: 06.09.2010 13:30:32
Пријателот на мојот непријател е Мој непријател.
Од: George
Датум: 06.09.2010 13:44:19
Незнаењето е благодет за сирмошаните; незнајните си живеат во благодет и рај, но, пријатели мои, незнаење и лошотилак, омраза кон своето, неслога, итн., тоа ви се најлоши комбинации. Ете, да речеме, ке им поверуваме на весниците од НЈС, кои нели сакаат да ни ги отворат очите, дека правиме кич и антиквизација. Во ред, но да ве прашам вака: што значи скулптура не бебе ангел поставена на зграда од 19ти век во функција на електричар и со телефон в рака!? Па нели е тоа кич? Ако се слагате со мене, зошто не скокнат Американците па да ја урнат Големата хала на Конгресната Библиотека? Затоа што, верувајте ми, тие не се така лесни и прости како некои Македонци и знаат што прават, за разлика од некои наши кои се би продале за грст пари. Но вервуам во доброто на оние другите и во тоа дека неминовно одиме напред.
Од: Деда Џоше од Мартиницу
Датум: 06.09.2010 13:52:41
Овуј писаније од ови наши комшије Грци је неподношљиво!.Мене и моја баба Митра цели д`н ови наши тинтаре има да ни попуцав од секиранцију!За стражаре на Камени мост ,мачке од пет метара какви су били фигурини?Ово је Космичко питање!!!Лавовски кичерај???Ајте ви се молиме!! А и ви даночни плачаќи, ви радознали људи, колка је Цена????Ајте, молиме ве!! То је равно на пцост.!!!!Исто какој моја баба к`д ме пита к`д се врнем из селску биртију куде ми је пензија , и зашто нејесам платио електрику?Кој ви је крив к`д не знадете што Је зидарски стил ,Барок ко ко ко ко ко коооооооооооооооооооо...........
Од: do srecko-felix
Датум: 06.09.2010 14:09:40
Го видовме грчкиот коментар. Чекаме на бугарскиот! А тебе овде те нема!
Од: snajper
Датум: 06.09.2010 14:12:10
ne samo sto e kic tuku e i bezobrazno trosenje na budjetski pari od strana na kriminalnata koalicija na grujovci i brankovci i pri toa ednite glumat opozicija, a drugite demek nekakov patriotizam se so ista cel, kradenje na narodot
Од: jon
Датум: 06.09.2010 14:52:53
0Za zal, za mnogu ljubiteli na Utrinski, vo Makedonija za kic se smetaat i statuite od anikata. A predavstvoto, isto taka za zal, e edna od karakteristikite na Makedonecot vo tekot na celoto postoenje. Za pojasnuvanje za nekoi, EU i NATO se vestacki tvorbi sto ednas ke se raspadnat, a Makedonija ne samo sto e vecna, tuku e i bibliska. Bez nea veterot ke ve duvne kako pepel.
Од: Македонија
Датум: 06.09.2010 15:18:29
Абе грците се радуваат да го ставиме Александар Македонски на плоштад,ама тешко дека тоа ке биде.На плоштат може да седи некој заслужен за Македонија,оваа нашата.Германос Каравангелис нема да биде задоволен...е малку ке почекаат грците..а Лавовите си се НАШИ.
Од: ognjanka
Датум: 06.09.2010 15:19:55
Ne sum gi videla vo zivo, no vaka na slikava izgedaat malku vo "manga" stil.. ili gresam?
Од: mene
Датум: 06.09.2010 15:22:13
mnogu se pametni grcite,nemate poima kolku arno ni mislat i site onie sto isto razmisluvaat.Koga slusnav so ke ni se tocaci od grad Skopje pa narod nemal pari za leb, abe pravo za vo Evropa sme
Од: Патриот
Датум: 06.09.2010 15:32:34
Патриот сум и ја сакам Македонија.Македонец сум поради тоа што сум се родил овде, како и сите мои од памтивек. Не сум Македонец ама ич поради Филип и Александар.Јас бе луѓе сум Православен христијанин , а не паганин и хеленофифил.Кич патриотизМОТ не ме прави ама ич повеќе патриот.Напртротив ја навредува мојата самосвест и интелегенција. Оти? Оти е мачкање очи ете затоа. Наместо национално помирување ВМРО понуди раскол, кавги, пребројување на подобрни и неподобни. Познато од едно време кое сите го презираме нели? Наместо пазарен ситем каде подобрите одат напред -фингирама економија и договорени тендери со партиски фирми.Наместо место за креативните и прогресивните, заслужно место за партиските книшки.Оние другите не смеат ниту да помислат на вработување.Наместо безбедност, патриски главучи кои тепаат луѓе, полициајци кои се дружат со криминалци и чуство на несигурност.Наместо граѓанско , партиско општество.Изговор за сето тоа? СДСМ. и Грција? Ете јас сум Вмро, ама дали се тие?
Од: Do George
Датум: 06.09.2010 15:34:19
George,iva e 21-vi,ne 19-ti vek.Kic e koga vo 21 kopiras nesto od 19 vek i pred toa.Ili za tebe vremeto e zastanato.
Од: Stoje
Датум: 06.09.2010 15:38:23
Grcite ne se kompetentni da zboruvaat za umetnosta i kulturata. Opsto poznato e deka im se losi od skolo i ucenje , zato i ostanaa nepismeni, a vremeto gi pregazi. Nivna najgolema filozofija ,a voedno i zivotna,e da gi stavat nivnite deca od 5 godini da rabotat vo ducani za partali i dzidzi midzi ili da prodavaat kebapi i tulumbi i taka gi ucele demek na zanaetot i zivotot. Seuste so pamet se negde na krajot od 19 -ti vek. To e to.
Од: trpe
Датум: 06.09.2010 16:48:26
ne me [rasha nikoj. namesto lavoi trebashe avtohtoni zivotni, osobeno magare koe rika isto kako i lavot, pa ke mu se fatese katimerini za pendrekot. A mozese i mecka, ris i orel pa ke beshe se po ohridski dogovor zadovoleno ... lavoite ne se prakticni mnogu meso jadat...
Од: rade
Датум: 06.09.2010 17:23:19
vo pravo se grcite vmro vestacki stvara istorija demek lavovite i antika se nasi.
Од: 3G
Датум: 06.09.2010 18:07:06
Grckite tabua se grcki problem.Problem na Makedonija se makedonskite tabua. Edno od niv e tabu-to za referendum. Edni, sdsm se protivat pretpostavuvajki go ishodot, drugi DPMNE ne go dozvoluvaat za da ne go izgubat glavniot adut koj gi determinira izbornite rezultati(iako realno imaat i drugi kvaliteti i prednosti nad anahroniot recidiv- sdsm)-problemot za imeto, so sto go osporuvaat makedonskiot suverenitet i nezavisnost i go ostavaat narodot vo agonija-limbo na beskonecnoto odolgovlekuvanje na resenieto od strana na Grcija. Zatoa zalozbata za referendumot, za koj bese poprecena mojata inicijativa,pokraj ostanatoto, ke pretstavuva realna i glavna osnova za dejstvuvanje i uspeh na eventualnata treta makedonska opcija. So takvoto blokiranje na glasot i interesot na narodot, DPMNE, problemot za makedonskoto ime na Grcija go pravi vo nevolja za Makedoncite i Makedonija. Kolku na DPMNE mu e do imeto se vide vo Bukurest koga otidoa so predlogot RM-Skopje za vlez vo NATO i zadrzuvanje na vl
Од: Dime
Датум: 06.09.2010 18:57:28
Marko! Aleksandar Makedonski od Mariovo da ne e pa sme se otkazale od nego
Од: dimitar
Датум: 07.09.2010 01:08:06
Kolku gi mrazime grcite se gleda po noviot VERO sto go otvorija. Se potepaa site da odat i da gi ostavat parite tamu. Izgleda nesto bez pari delele. EEeeeeeee...makedonce glupavo.
Од: крис
Датум: 07.09.2010 01:14:59
како можете да земате мислења од весник што Македонскиот народ го ставил во наводници! ако им е тоа појдовна точка, дали може некој да очекува искреност и вистина во напишаното?

Најди! во Утрински
На прво место
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Поселт не бил навреден од Црвенковски
Патриотизмот капитулира пред скапотијата
Македонија нема да ја поддржи Србија во ОН