Истражувањето на „Галуп“ во 114 земји во 2009 година покажа дека Македонија е меѓу високорелигиозните држави во светот, повеќе од САД, кои важат за многу религиозни, и од повеќето од земјите во соседството. Истражувањето, исто така, покажа дека со исклучок на САД, посиромашните земји се повеќе религиозни и обратно, тие со повисок приход, по правило, се долу на религиозното скалило. Глобална средна вредност на возрасни кои велат дека религијата е важен дел од нивниот секојдневен живот е 84 проценти, што е непроменето од она што „Галуп“ го откри во претходните години. Во десет земји, најмалку 98 проценти се изјаснија дека религијата е важен дел во нивните секојдневни животи.
Соединетите Американски Држави, една од најбогатите земји, се противи на овој тренд. Околу две третини од Американците (65%) велат дека религијата е важна во нивниот секојдневен живот. Меѓу земјите со висок приход, само Италијанците, Грците, жителите на Сингапур и на земјите од Персискиот Залив, богати со нафта, кажуваат оти религијата е важна за нив.
Повеќето земји со висок приход се многу пониско на религиозното скалило. Во десет земји, не повеќе од 34 проценти од жителите велат дека религијата е важен дел во нивниот секојдневен живот. Шест од овие се развиени земји во Европа и во Азија со приход по глава на жител поголем од 25.000 долари.
Во три од четири земји со понизок приход на листата - Естонија, Русија и Белорусија - советските власти го ограничуваа религиозното изразување со децении се' до распадот на СССР во 1991 година. Меѓу последните е Виетнам, каде што власта, исто така, има историја на ограничување на религиозните слободи. (Д.Р.)
Па изгледа нема спас од друго место, со оглед на се, па затоа уште еднаш „“Боже, дојди и помогни ни во Македонија. Дај ни мудрост и знаење да го тргнеме слепилото од нашите очи и да те видиме Боже. Да те спознаеме како наш Господ и Спасител и да започнеме да те слушаме, заради наше добро, да не би талкале уште 40 години низ пустината во нашите животи.“ Затоа што со вакви политичари не 20 уште 40 години ќе стоиме заглавени во калта
Од: Трпе
Датум: 06.09.2010 12:50:37
Македонија не е само најрелигиозна земја,таа е и најпатриотска,најбезбедна,најсамобендисана,најфалбаџиска,најпосакувана земја за живееже и економски најразвиена.
Од: До: Снешка
Датум: 06.09.2010 12:56:40
Има една друга библиска поука која вели: „Помогни си најпрво самиот,па и господ ќе ти помогне“!
Од: Вераг
Датум: 06.09.2010 13:07:05
Во колунизмот повеќето не беа религиозни а сега ,за кратко време се обратија. Тие само го следат трендот и модата а вистински верници има многу малку.Одат лако овци по пастирот,па каде ги води не е битно.
Од: Petar
Датум: 06.09.2010 14:38:38
Uste malku ke gi stigneme Talibancite.
Од: cece
Датум: 06.09.2010 14:51:10
Kako i da e zaklucok e deka nasite komunisti bile ubedlivo najneefikasni vo eliminiranjeto na "opiumot za masite".
Vtoriot e uste poocebijen sto posiromav toa poreligiozen.
Osven nekolku isklucoci( objasnuvanjata se partikularni no ednostavni),rangiranjeto na religioznosta e skoro potpolno ednakvo so rangiranjeto po bogatstvo (BNP per capita)
Од: k2
Датум: 06.09.2010 16:59:11
Podobro religiozen nego KOMUNJAR......
Од: cane toronto
Датум: 06.09.2010 17:22:59
Religijata e ideologija koja se manifestira koga opsestvoto pagja vo kriza i koga site drugi pateki se izgubeni! Taa e tipicna kako sto se vo ovie uslovi tipicni preljubata, kockanjeto, odenjeto vo kafani i slicno..
Од: Pikita
Датум: 06.09.2010 17:48:24
Poglednete go samo odnosot pomegu Kosovo i Albanija. Albanija nikogas ne ke bide Kosovo, a samo Kosovo pretendira da bide Veliko. A nie, za zal, sme poblisku do Kosovo vo religiozna smisla.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.09.2010 18:56:11
Ние би биле уште повисоко на ранг листата да ги почитувавме 10-те заповести.Каде нас фалат две и тоа 8. НЕ КРАДИ И 10. НЕ ПОЖЕЛУВАЈ НИШТО ТУЃО.Има и една друга но е делимична а тоа е 1. ЈАС СУМ ГОСПОД ТВОЈ, ДА НЕМАШ ДРУГИ БОГОВИ ОСВЕН МЕНЕ.Некогаш некои имаа други богови и симболи (срп,чекан и петокрака) а сега неможеш за празници да поминеш од нив по црквите.
Од: dragan
Датум: 06.09.2010 20:57:43
Napravete paralela pomegju procentite na Swedska(edna od najrazvienite zemji vo svetot) i Makedonija(edna od najnerazvienite) i ke vi stane jasno deka samo gospod moze da ni pomogne.
Од: Se naj naj
Датум: 06.09.2010 21:29:28
Da go dopolnam Trpe. Makedonija ne samo sto e najreligiozna zemja , no taa e i najzatupena, so najizmanipuliran narod. so najgoilem procent na " isprani mozoci. so korumpiran a vlast i crkoven kler i so najzatucan narod. posle Ruanda i Burundi.
Од: redovna citatelka
Датум: 06.09.2010 22:41:15
Go ziveeme najdvolicnoto vreme! Kakva religioznost, samo od interes ili od strav (kako vo sreden vek)