Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Патриотизмот капитулира пред скапотијата

Од нашиот дописник Миркица Поповиќ

AТИНА - Три пати поевтините цени за стоматолошки услуги го ставаат во втор план секое патриотско чувство. Грците од градовите околу границите со Македонија и Бугарија се' почесто се одлучуваат да ги избегнат високите цени за стоматолог поправајќи заби кај соседите. Весникот „Та неа“ објави репортажа од посетата на стоматолог во Струмица на неколку грчки државјани. „ Јота од Килкис помина граница и 90 километри за поправка на забите во Струмица, бидејќи во нејзиниот град оваа услуга ќе чинеше околу 100 евра, цена која е астрономски поскапа во споредба со цените во БЈРМ“, пишува весникот.

Според репортажата, се' попопуларниот стоматолошки туризам е видлив и преку се' поголемиот број реклами на грчки јазик на билбордите на границата, огласите на Интернет-страниците и во весници во Грција за рекламирање на стоматолозите во Струмица. Наводно, многумина од стоматолозите имаат и свој посредник-менаџер од околината на Дојран или во Гевгелија, кој зборува грчки и договара термини. Клиентите на стоматолозите во Струмица, според весникот, најчесто се од Кукуш, Поликастро и Серес, а нивниот број е зголемен во последните четири месеци.

Ваквиот бран посети на Грците на македонски и бугарски стоматолози започнал уште во 1990-тите години, а имињата на стоматолозите се пренесувале од еден на друг без многу реклама. Меѓутоа, работите драстично се променија сега, па во Бугарија постои дури и канцеларија за медицински туризам. „Соработуваме со најдобрите клиники во државата. Имаме голем број посети од Грција, а годинава нивниот број е двапати поголем од лани. Нашите туристички пакети вклучуваат, покрај докторската грижа, и престој во добри хотели и бањи“, изјавува за „Та неа“ Ирина Илиева, портпаролка на организацијата за здравствен туризам на Бугарија.

Маркетингот е многу исплатлив. „Посетата на стоматолози во соседните држави е сериозен проблем за грчките стоматолози во регионот. Сметам дека губиме околу 50-60 отсто од нашите клиенти“, вели претседателот на Здружението на стоматолози во Кукуш, Харалампос Јаковидис. Разликата во цените, според него, се должи на квалитетот на материјалот што се користи. „Доаѓаа забни техничари од овие држави и бараа да им продадам за 10 евра стари мостови за да ги рециклираат и да ги искористат. Подобро да ги фрлам отколку да им ги дадам“, додава Јаковидис.

Меѓутоа, повеќето Грци одбиваат да веруваат на приказни како оваа на Јаковидис и тоа не ги одвлекува од заминување на забар во некој македонски град. „Повеќе од евтино е. За 70 евра мојата сопруга успеа да поправи четири заба. Тука ви бараат по 50 евро од поправка на еден заб. Зошто да гледам на работите патриотски и да ги оставам парите на нашите стоматолози, кога повеќе ми одговара другата опција“, вели Јанис Кирјакидис.

Според репортажата, некои од стоматолозите имаат тајни броеви за грчките клиенти и по првата посета им препорачуваат да контактираат со нив само преку тие броеви.


#
Статијата е прочитана 1359 пати.

Испрати коментар

Од: Офталмолог
Датум: 06.09.2010 13:04:09
Ма,да!Слушам и дека има сè повеќе Грци кои се пријавиле да земат Македонски пасоши,бидејќи нашите се поубави и побиометриски од нивните,кои почнале дури и да се распаѓаат! :) Искрено да кажам,јас имам страв да отидам на преглед кај стоматолозиве на Скопска Клиника,а камо ли кај оние у Струмица,Гевгелија,или Дојран!Нека им е со среќа!Им стискам палци!

Најди! во Утрински
На прво место
„Kaтимерини“
Македонија меѓу најрелигиозните држави
Поселт не бил навреден од Црвенковски
Македонија нема да ја поддржи Србија во ОН