СДСМ: Зошто Груевски го премолче Станишев?
СДСМ вчера го обвини премиерот Никола Груевски дека не реагирал на изјавата на премиерот на Бугарија Сергеј Станишев во врска со ОМО „Илинден“-ПИРИН. „Никој во Македонија не очекува дека македонските институции можат да го решат проблемот на ОМО ’Илинден‘, но граѓаните очекуваат достоинствена и правична реакција и одбрана од македонскиот премиер Никола Груевски. Со своето одмолчување стана јасно дека Груевски и ВМРО - ДПМНЕ ги користат проблемите на македонското малцинство во соседните земји само за дневнополитички цели“, обвини на вчерашната прес - конференција Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ. (П.Р.) |