„Тајмс“: Итен прием на Македонија во НАТО
Лондон - Брз влез на Македонија во НАТО доколку американскиот претседател Барак Обама одлучи стабилизацијата на Балканот да ја стави повисоко меѓу приоритетите во својата агенда, пишува „Тајмс“. Анализирајќи ја иднината на НАТО и поделеноста внатре, весникот наведува дека тоа во голема мера ќе зависи од претседателот Обама. „Тајмс“ пишува за итен прием на Македонија и ставање крај на грчко-турските недоразбирања за Кипар ако претседателот на САД се фокусира на стабилноста на ��алканот. Алијансата е поделена меѓу оние посветени на политиката на отворени врати, предводени од Вашингтон и новите членки Полска, Чешка, и балтичките земји, кои се загрижени поради Русија по војната во Грузија и сакаат НАТО да се фокусира на традиционалната улога - одбрана на територија. Исто како во времето на Студената војна, пишува во колумна уредникот за одбрана на Тајмс, Мајкл Еванс. (Макфакс) |