Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Груевски подели новогодишни пакетчиња во Домот „11 Октомври“

Премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и министерот за животна средина, Неџати Јакупи, вчера ги посетија децата од Домот „11 Октомври“ во Скопје. Премиерот Груевски по повод претстојните новогодишни и божикни празници на стотина штитеници од три до дванаесетгодишна возраст им подели пакетчиња со облека, а тие го почестија со приредба.

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Груевски и членови на Владата, министри, заменици и државни секретари се упатија во посета на јавните установи, кои се во рамките на Министерството за труд и социјална политика и на штитениците им донира подароци од запленети и преотстапени производи од Царинската управа.

На новинарско прашање дали ваквите посети се договорени на ниво на Влада, премиерот рече: „Во пресрет на Денот на солидарноста - 20 Декември сакавме да посетиме повеќе институции“.

Владини посети вчера имаа и Јавната установа за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Милановиќ“, Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле, Центарот за социјални работи на Град Скопје, Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“, Прифатниот центар за баратели на азил во скопското село Визбегово, потоа Специјалниот завод во Демир Капија, Домот за доенчиња и мали деца - Битола и Заводот за заштита на деца и младинци Бања Банско. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 49 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Корекции во Законот за помилување
Груевски не верувал во она што го кажа Станишев
„Тајмс“- Итен прием на Македонија во НАТО
СДСМ- Зошто Груевски го премолче Станишев?