Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Шпедитерите ќе се селат од Табановце

Постигнат компромис меѓу превозничките компании и Царинската управа

Столе Божиновски

КУМАНОВО - Објектите на граничниот премин Табановце, во кои се сместени претставништва на петнаесеттина приватни превознички компании од Куманово, Скопје, Крива Паланка и од други места од североисточниот регион на државава, сепак, ќе мора да бидат дислоцирани од царинската зона.

Шпедитерите и Царинската управа завчера постигнале компромис за селењето на времените објекти од граничниот премин да се одложи на разумен временски рок, во кој превозничките компании треба да обезбедат нови локации надвор од царинската зона. Не станува збор за никаков намерен притисок врз шпедитерите, туку спроведување на законска одлука од сите гранични премини во државава да се тргнат објектите на стопанските субјекти.

„Одлуката се спроведува со асистенција на Државниот градежен инспекторат и досега нема пречки на другите гранични премини“, велат од Царинската управа. Завчерашниот мирен протест предизвика застој во преземањето на царинетите стоки.

Сопствениците на шпедитерските компании се побунија против одлуката со образложение дека се затечени од врачувањето на решенијата и тоа само ден-два пред истекот на рокот од триесет дена.

„Изненадени сме и револтирани не само од одлуката, туку и од начинот на нејзиното спроведување. Не сме во состојба веднаш да обезбедиме нови локации и да ги дислоцираме нашите претставништва‘‘, велат шпедитерите. Тие образложуваат дека со оваа одлука се изложуваат на значителни дополнителни трошоци во работењето. Документацијата треба да ја шетаат по дестинации од петнаесеттина километри, колку што има од граничниот премин Табановце до Куманово, на пример, а има растојанија и по неколку десетици километри, како што се, Скопје или Крива Паланка. Со тоа целата процедура би траела до 48 часа, а сигурно ќе дојде до застој на терминалите. Шпедитерите предупредуваат дека ќе се создадат турканици и колони, што директно ќе ја усложни и работата на Царината.

Со мирниот протест ова недоразбирање достигна кулминација откако Царинската управа и Државниот градежен инспекторат на шпедитерите им се заканија со исклучување на електричната енергија.

Шпедитерите се изненадени и од раскинувањето на договорот за закуп од Царинската управа, што своевремено го потпишаа со ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор пред надлежностите да преминат од Министерств��то за транспорт и врски на Царинската управа. До властите и до надлежните институции апелираат да се изнајде разумно решение за проблемот. По прекинот со работа од пред неколку дена шпедитерите продолжија да ја извршуваат својата дејност. Од Царинската управа ветија дека рокот за дислокација се пролонгира се' до изнаоѓање подобра солуција.


Статијата е прочитана 337 пати.

Испрати коментар

Од: Martin
Датум: 16.05.2009 11:58:53
Abe stramota e na granicen premin da gledate takvi baraki , limeni ciganska rabota, treba da ima objekti od cvrsta gradba a ne plasticni butki koi izgledaat na sendvicari STRAMOTA pa uste se bunat ne sakaat da gi otstranat nivnite tureni i raspadnati baraki NE mora tie sami ke se srusat!

Најди! во Утрински
Македонија
За слепилото кај бебињата некој ќе одговара
За Македонците добар живот се парите и здравјето, а не љубовта
Протест на земјоделци во Зрновци
Екстерното оценување останува
Петиција за факултет во Дебар
Дебакл на полошкиот Совет за развој