Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Екстерното оценување останува

Министерството за образование и наука останува на ставот за екстерно проверување на учениците, кое се воведува оваа година за да се оцени објективноста на нивните наставници, согласно со Законот за основно образование и измените на Законот за средно образование.

Раководителот на Секторот за основно и средно образование во МОН, Љупчо Спасовски, во изјава за медиумите истакна дека одлуката не се менува и ги повика малите групи ученици кои повремено протестираат пред Министерството да се вратат во училишните клупи.

Одговарајќи на новинарско прашање за следните чекори на МОН доколку Уставниот суд реши спротивно на неговата одлука, Спасовски рече дека тоа ќе се почитува без разлика дали некому ќе му одговара или не.Секој наставник ќе биде тестиран само по еден предмет, а учениците најмногу по два во оние училишта каде што има повеќе наставници. Спасовски соопшти дека во Македонија има 30 отсто повеќе наставници отколку паралелки.

Учениците од четврто до седмо одделение и од прва до трета година средно ќе бидат тестирани од 1 до 10 јуни, а осмоодделенците од 20 до 30 мај. Матурантите се ослободени од екстерната проверка, зашто во јуни ќе полагаат државна матура. Без екстерна проверка ученикот нема да добие свидетелство, а доколку е спречен, ќе му биде одреден дополнителен рок за тестирање. (П.Р.)


Статијата е прочитана 399 пати.

Испрати коментар

Од: ljupco
Датум: 16.05.2009 00:28:26
ke padne na ustaven sud i pak ke ima dopolnitelni trosoci i nervizi
Од: Трпе
Датум: 16.05.2009 01:00:10
Инает ли е ова или панагур.Се прашувам дали кај нас ,соработуват МОн и БРО.Или е нешто друго.Зошто се трошеа непотребни пари за обука на наставниците пред 2 години за методи на одржување на настава и вреднување на учениците апред нешто од пред 1 година за критериуми за оценување на учениците по Блумова таксономија.Предавањата ги држеа нивни партиски потрчковци со завршена ликовна академија или див,кои се препотува советувајки ги нивните поспособни колеги по други наставни предмети.Тие жалните облеани во пот незнаејки како се ракува со видеопроектор или компјутер со мака читаа и објаснува дека за оценување на постигнувањата на учениците постојат 4 нивоа за 4 позитивни оценки каде ученикот треба да се вреднува според степенот на запомнување и репродукција,разбирање,примена,анализа а исто такакако составни елементи се редовноста и активноста за утврдување конечна оценка.Сега МОН ке утврдува оценки само преку препознавање од четри одговори.Инат ли е или панагур.
Од: средношколка
Датум: 16.05.2009 09:17:05
Полош закон од овој не се донел.Како може еден да ме следи како учам, а друг да дојде и да ме оценува.Никаде го нема ова .Сите молиме бога да го укине уставниот ако не биде така ке има младинска револуција
Од: професор
Датум: 16.05.2009 11:20:09
Јас сум професор во средно училиште. Мислам дека може се безболно да се реши без да се малтретираат децата. На одговорните во МОН и БРО им порачувам да испраќаат советници ,инспектори и се што ќе им текне но во текот на учебната година. Секој месец, ако сакате и секоја недела. Доаѓајте и проверувајте. Вие велите дека има неспособни наставници. Во ред дојдете и проверувајте не нас а не децата , и не сега кога концентрацијата на децата е на крај . Завршува учебната година, тие се исцрпени и нема потреба да ги тормозите. Ако сакате нас да не проверите немојте да биде на грб на децата. Повелете, сите наставници ви стојат на располагање, проверете ги преку годината. Проверет како предаваат, изведуваат тестови , формираат оцени. Што прават инспекторите и советниците преку годината? Или наставниците само нечинат?
Од: niko
Датум: 16.05.2009 13:30:27
Mnogu nezasluzeni podareni ocenki, 98% odlicni ucenici....vo nekoj pak tn. poelitni sredni ucilista vo R.M. kako vo Korcagin vo Skopje, JBTito vo Bitola i nekoj dr nezadovojstvo vo dr vasoka ,poradi samoprecenuvanje na nastavnite ili nepravilno bazdareni testovi, ucenicite ne ja dobivaat zasluzenata ocena,i se razbira toa se odrazuva po nivna steta prvenstveno pri upis na fakultet....da ima eksterni testovi no ne od predlozeniot nerealen vid....neka polagaat poveke pati vo tekot na ucebnata god...neka ima pozacestena revizija vrs rabotata na nastavnicite i mnogu dr. merki....
Од: ksdl
Датум: 17.05.2009 11:31:46
ne mi se dopagja ova ocenuvanje sakam da go ukinat sto ke postiogmnat so toa

Најди! во Утрински
Македонија
За слепилото кај бебињата некој ќе одговара
За Македонците добар живот се парите и здравјето, а не љубовта
Шпедитерите ќе се селат од Табановце
Протест на земјоделци во Зрновци
Петиција за факултет во Дебар
Дебакл на полошкиот Совет за развој