Протест на земјоделци во Зрновци
КОЧАНИ - Членовите на водна заедница од Зрновци, Кочанско, вчера протестираа пред хидроцентралата. Концесионерот на хидроцентралата, фирмата „Мак хидропроект“ од Скопје, ќе почне со ревитализација на турбините. Поради тоа, ќе биде сопрена водата од Зрновска Река, која се користи за наводнување на 230 хектари површини насеани со различни култури.
Земјоделците побарале нов канал во должина од 154 метри со цел нивните површини да не останат без вода за наводнување од Зрновска Река. По петчасовен протест, договорено е тој да прекине, а одговорните во хидроцентралата „Зрновка“ поправката на турбините да ја вршат дел по дел. На тој начин ќе се пушта вода и за потребите на полињата. (МИА)
|