Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Анализа: Политиката го попречува антикорупцискиот систем

Дури шеесет отсто од граѓаните сметаат дека борбата против корупцијата во Македонија е политички мотивирана, наспроти 31,5 отсто што се изјасниле дека е непристрасна. Тоа го покажале резултатите од анкетата на Институт за социјална демократија „Прогрес“ што беа презентирани вчера. На прашањето дали денес има помалку корупција, во споредба со претходните години, потврдно одговориле 30,8 проценти од испитаниците, а 42,8 рекле дека сега има повеќе корупција.

Анализата на прогрес насловена „Корупцијата како пречка за интеграција во ЕУ: подобрување на доброто владеење во Македонија“ ја разгледува и соработката меѓу Државната комисија за спречување на корупција и Јавното обвинителство.

„Главниот заклучок е дека не постои структурна соработка меѓу Антикорупциската комисија и судството, поточно јавниот обвинител. Резултатите од истражувањето посочуваат дека недостигот од политичка волја е главната причина за тоа. Се чини дека политичкото влијание на извршната власт го попречува антикорупцискиот систем во Македонија”, вели Дане Талески, еден од авторите на анализата.

Талески во своето излагање предложи д��е опции за решавање на проблемот со корупцијата. „Намалување на политичката моќ и зајакнување на постојниот институционален систем се препорачува како краткорочна мерка. За долгорочно решение е потребна поблиска структурна соработка меѓу комисијата и обвинителството“, резимира Талески. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 666 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Ќе паднат цените на извршителите
„Бихаќска“ објави
Бивш новинар ќе му плаќа 17.000 долари на газдата
Груевски знаел да дава голови
Пратениците ветиле, но ќе им помогнат ли на тутунарите?