Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

„Бихаќска“ објави: Нема веќе фракции

Најголемата опозициска партија тврди дека настапува обединето

Соња Крамарска


Најтесното раководство на социјалдемократите завчеравечер се упати кон скопскиот ресторан „Лира“ да ја прослави Стара Нова година. Постарите членови на СДСМ тоа го викаат тест за единството на партијата, иако кај опозициската партија овие прослави секоја година на 13 јануари се долгогодишна традиција.

Дали случајно или намерно, неколку минути пред почнувањето на прославата, поранешниот партиски претседател Владо Бучковски во телевизиско интервју изјави дека по сите внатрешни разијдувања и судири, СДСМ е, конечно, обединет. „СДСМ е обединет како никогаш досега и подготвени сме да влеземе во изборна трка“, рече Бучковски.

„Бихаќска“ 8 веќе подолго време дава сигнали дека редовите се консолидирани. Првата два теста успешно се поминати: под раководство на Црвенковски социјалдемократите одржаа два успешни опозициски митинга што ја вознемирија ВМРО-ДПМНЕ. Веќе нема новинарски извештаи дека еден или друг член на потесното раководство е во судир со Црвенковски или во меѓусебен судир. Пораката што постојано се емитува од „Бихаќска“ е дека бродот вплови во мирни води управуван од Црвенковски.

Нема детали од завчерашната забава во „Лира“, кој играл до Црвенковски на популарното нареченото меѓу социјалдемократите „лидерско оро“. Внатрепартиските критичари велат дела лидерското оро е барометар за тоа кој е најблизок до Црвенковски, а кој е на „опашката“.

Ѓорѓи Спасов, партиски ветеран до кој минатата година од највисоко место во СДСМ беше адресирана критика дека е „платеник на други партии“, не верува дека во партијата настапило вистинско примирје.

„Можно е СДСМ да се обединила под идејата за побрза смена на власта, втората причина е дека партијата разви ефикасен систем за дисциплинирање, а тоа е сите што не мислат како Црвенковски се оставени на дното на партиската хиерархија. Но тоа не значи дека нема различни мислења“, вели тој.

Факт е дека во СДСМ како и во другите партии од македонското милје, всушност, никогаш немаше идеолошки фракции. Сите фракции настануваа поради персонални судири. „Поделбите се навистина зад нас. Јас отсекогаш велев дека судирите се една од главните причини за неуспехот на СДСМ“, вели поранешната партиска лидерка Радмила Шекеринска меѓу која и Бучковски своевремено се разви силно ривалство околу лидерската функција што буквално ја парализираше партијата и ја подели на два дела.

Политичките посматрачи најголемата заслуга за примирјето во СДСМ му ја даваат на Црвенковски. Тој е засега единствената фигура која успева да излезе на крај со тензиите во партијата и да се издигне како лидер, велат. Многумина застапуваат мислење дека ако Црвенковски во моментов дигне раце од СДСМ, ситуацијата повторно ќе експлодира.

„Фактот што наближуваат избори дејствува смирувачки врз таборите бидејќи секој сака да биде во добри односи со Црвенковски и да се најде на пратеничките листи“, коментира Никола Поповски, некогашна ѕвезда на социјалдемократскиот камп.

Анализите што дискретно ги прават внатрепартиските посматрачи се дека партиските „тешкаши“ како Илинка Митрева, Никола Поповски и Ѓорги Спасов треба повторно да ги активираат во партијата. Интервјуто што пред два месеци го направи „Утрински весник“ со некогашната социјалдемократска шефица на дипломатијата Илинка Митрева, ги урна рекордите по читаноста на интернет страницата. Несомнено, наиде како освежувачки бран до социјалдемократите од пониските ешалони кои со загриженост го следат развојот на настаните и стагнацијата на СДСМ наспроти парадерството на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Присутните на завчерашната прослава велат дека расположението на партискиот врв било добро. Мезеле сармички, ајвар, полнети пиперки, а за експретседателот Глигоров, кој беше дел од прославата, лично се грижел Црвенковски, кој постојано му нудел храна од богатата трпеза. Инсајдери велат дека навистина изгледа како социјалдемократите да ги оставиле лошите денови зад нив.

„Не ни очекуваме во отворена дебата да покажат нетрпеливост едни кон други, но едно е што се зборува во меѓусебната комуникација, а друго се вистинските чувства“, вели Никола Поповски.

Сепак, фактот што СДСМ е исправен пред моќен непријател како што е сега ВМРО-ДПМНЕ, несомнено е силен мотив да престанат внатрешните кавги на СДСМ. Вообичаено е „фракциите“ да оперираат во услови кога нема други предизвици, но фактот што врз „Илинденска“ бб се дава целосен поглед од четвртиот кат на „Бихаќска“ 8 прави да престанат сите други муабети.


#
Статијата е прочитана 1900 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 15.01.2011 13:26:39
Кој колку и да него сака сепак Бранко сие Бранко.Човекот сие надарен за политика.И кога ЛАЖЕ може да те убеди дека нете лаже.Не ко Другиве не можат две реченици да сврзат.Глеат што друг им напишал.Дури и несе потрудуват тоа што им напишале да го потренират да го научат.Но тука има и гршка на тие што им пишуват,Еве една порака за пишувачите.ПИШЕТЕИМ-ПОЛЕКА-ОТИ -НЕ-ЗНАТ-БРЗО-ДА-ЧИТАТ.
Од: Трпе
Датум: 15.01.2011 16:40:21
Никако да ги сватам,коментарите на Никола Поповски,кога тој свати дека голема вина за губењето на изборите 2006 г.носи токму тој.,само во случај ако нешто не одработувал за тогашната опозицијаАко смета дека кај дпмне-овците има поголема хомогеност и нема диктатура од лидерот нека побрза да си земе членска книшка.Можеби некогаш ке го испратат во амбасадори.
Од: sando nepartijec novoselec
Датум: 15.01.2011 18:00:18
SDSM adresata bihačka super samata ulica ni kažuva deka našiot lider BRANE e bosanac srekna vi novata godina
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.01.2011 19:18:21
По прв пат забеганиот има искрена опсервација за лидерот и лажењето,малку пречи оти многу му се бендисувало ваквото однесување.А во врска со паричето веќе има и анегдота за тоа.Во неа се вели да во комадот имало паричиња колку и присатни но останатите морале да ги проголтаат сосе делот од комадот,па така лидерот се стекнал славата на добитник на среќа за цела година.
Од: SPIRIDON
Датум: 15.01.2011 23:18:29
SDSM ke stane vptava politička sila tugaj koa ke zabrave na VMRO-cite,i mesto "fudbalska utakmica"po zborivete na Nikolčo,ke misle na makedonskite gragjani.Ne altruizam.Ubogata država filmovete se poubavi.Ke tsane vodečka politička sila koa od svojte redove ke gi isčiste karieristite,poltronite,lepačite na plakati za dobro rabotno mesto,"bistrite" kriminalci,nepotizmo,koa eden premier ženskata si ja stavi ministerka,koa ... Nogu ima ama ako si ličat na VMRO-vcite zašo da gi menjame.Novi sili,mladi,bez kriminalen tovar,spremni za sorabotka so sekoj koj saka Makedonija da ja naprae ubavo mesto za živeenje,ne biznis palitički orientirani za svojo đep.Razbira me se neli?Pa so sreka.
Од: Коло
Датум: 16.01.2011 01:34:07
Тоа што се кобајаги или навистина обединети немора ништо да значи.Ќе им биде за џабе доколку не сменат неколку општински раководства.Изборите не ги добива централното партиско раководство а уште помалку претседателот и потпретседателите.Локалните разграноци се тие кои носат победи.Ако и другите општински организации се како прилепското уште долго ДПМНЕ ќе ни ја вади душата.
Од: Ana
Датум: 16.01.2011 01:52:45
Crvenkovski bez konkurencija, e edinsveniot vistinski lider, edinstveniot politicar vo Makedonija so politicka kultura, harizma, nesomnena ineteligencija i sposobnost za brzo mislenje, pa ne e cudo sto taka brzo i efikasno ja revitlizira partijata. A toa sto go zboruva Spasov, neka mu e na cest, zasto Crvenkovski so licno zalaganje go napravi toa sto bese(pratenik, ambasador...), nasproti negovite somnitelni kvaliteti. Nikola i Ilinka isto se odnesuvaat kako navredeni tetki, no eve se gleda deka i bez niv partijata mozela da funkcionira. Neznam zasto tolku go potencirate otsustvoto na Ilinka, koga e dokzano deka taa bese najlos minister za nadvoresni i celata rabota i ja prepustase na kameleonot Santa. Znaci, kolku se, tolku se, dosta se.
Од: Vasko
Датум: 17.01.2011 08:57:01
Бихаќска? Прв пат слушам вакво име да излези новопочено во текстовите на Утрински, новитет! До сега немаше криза во редовите на СДС, немаше поделеност, барем тие така лажеа убедливо, а сега одеднаш имало фракции па сега заедно ке настапеле. Се лага до лага! Веќе ни самите сдсм-ОВЦИ не си веруваат сами на себе!

Најди! во Утрински
Политика
Ќе паднат цените на извршителите
Анализа
Бивш новинар ќе му плаќа 17.000 долари на газдата
Груевски знаел да дава голови
Пратениците ветиле, но ќе им помогнат ли на тутунарите?