Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

ДЕЦАТА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН

Сонуваат за слава

И покрај настојувањата на славниот татко да ги зачува подалеку од очите на јавноста, децата на починатиот крал на попот Мајкл Џексон, во интервјуто со Опра Винфри изјавија дека еден ден би сакале да бидат познати и славни.

На американската ТВ-водителка Опра Винфри и' појде од рака да влезе во домот на семејството Џексон, една и пол година по смртта на славниот пејач и првпат да направи ексклузивен разговор за некој медиум со неговите деца: Парис, Принц и Бланкет.

„Би сакала да станам актерка кога ќе пораснам. Понекогаш импровизирам нешто самата, а порано го правев со тато тоа“, открила 12-годишната ќерка на Мајкл Џексон, Парис, додека нејзиниот брат Принц, една година постар од неа, сака да стане филмски режисер и продуцент. Опра Винфри освен на иднината, се осврнала и на минатото, па ги прашала наследниците на големата ѕвезда како се чувствувале кога татко им ги терал да носат маски на лицето во јавноста.

„Нашиот татко се обидуваше да не' воспитува така што не знаеме кој е тој. Но, тоа и не му појде од рака. Не беше толку пријатно да се носат тие маски, но ја почитувавме неговата желба да не' заштити“, објаснила ќерката на Мајкл Џексон.

Без оглед на тоа колку неговото однесување им изгледало бизарно за другите, децата на Мајкл Џексон се согласуваат во оцената дека бил прекрасен татко.

„Мислам дека никој не разбира дека беше добар татко и мислам дека беше најдобриот готвач на светот. Беше сосема нормален и освен што беше најдобар татко, правеше и најдобри пржени лепчиња на светот“, кажала Парис Џексон.


#
Статијата е прочитана 882 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Ќерките поубави од мајките
Бремена во 31. година
Kaлиопи од концерт на Нијагарските Водопади
Татко ми е стар и нема врска со мода
Ламбе почна да пишува песни






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'