Пинк
Бремена во 31. година
Американската пејачка Пинк, наводно, е бремена. Иако уште во април се појавија гласишта дека е бремена, Пинк веднаш го демантираше тоа преку својот „Твитер“. Меѓутоа, откако американските медиуми повторно се распишуваа за таа вест, овој пат Пинк ништо не напиша на својот профил, а ниту нејзините портпароли се' уште не се огласија.
Освен што во последно време во јавноста се појавува во затворена и не толку сексапилна облека, единствено нешто за што моментално расправа на „Твитер“ со своите пријатели е храната. Со Кери Харт, Пинк е во врска девет години, од што четири се во брак. Кери е возач на улични автомобилски трки. |