Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еко��омија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Со капка крв до вистината

Институтот за судска медицина се опремува со најсовремени апарати. За еден месец тој ќе личи на спејс-шатл

Даниела Трпчевска

Само една капка крв, влакно или заб ќе бидат потребни за судските вештаци да ги расветлат најзаплетканите и мистериозни случаи на труења, заболувања или смрт во земјава. За еден месец Институтот за судска медицина во Скопје ќе добие комплетно нови опремени лаборатории, кои со години наназад не функционираа и имаа клуч на врата поради недостиг на опрема и хемикалии.

Анализи на урина, крв, сперма, плунка, ткиво, коски, заби и влакна, откривање на случаи на предозираност од дрога, непознати супстанци, преголемо количество на алкохол или лекарства, сега ќе бидат возможни со новата серија на апарати со кои кои ќе се подмлади судската медицина.

Со тоа, според првиот човек на Институтот Алексеј Дума, тие не само што повторно се враќаат на картата на едни од најугледните и најопремените институти во регионот во областа на токсикологијата, туку и се отвара можност за соработка со соседните земји, кои и досега браа помош при анализи за посложени случаи кои треба да се расветлат.

„Во септември во Институтот треба да пристигнат серија нови најсовремени апарати, со кои прецизно ќе се утврдуваат непознати супстанци, што е врв во токсикологијата. Новата токсиколошка лабораторија што ќе биде комплетирана, го става Институтот на многу повисоко ниво на кое што беше и додека целосно функционираше токсиколошката лабораторија, која згасна пред неколку години поради недостиг на опрема и хемикалии“, вели Дума.

Горд на новата современа лабораторија од 21 век, која се очекува да биде една од врвните во регионот, Дума вели дека осовременувањето ќе остави простор за зголемена соработка со токсиколошките институции од регионот. Во лабораторијата ќе можат да се вршат анализи од сите аспекти на токсикологијата (форензичка, клиничка и еколошка).

„Слична лабораторија има и во крим–техника на МВР, со таа разлика што според светските стандарди, таму можат да се прават анализи само на супстанци, но не и на биолошки материјал, бидејќи за тоа е неопходно добро познавање на медицината“, вели Дума.

Осовременувањето на Институтот е во рамките на владините активности за опремување на голем број лаборатории во земјава. За таа цел завчера судските вештаци го добија првиот апарат вреден околу 8 милиони денари со кој ќе можат да се прават анализи на алкохол, дрога и лекови кои можат да предизвикаат нарушување на здравјето или смрт.

Овој апарат ќе се користи за 80 отсто од анализите. Секаде каде што постои нарушување на здравјето или смрт од хемиски супстанци, ќе може да се примени овој апарат за да се утврдат причините. Апаратот не може да се користи за анализи на тешки метали.

„Апаратот користи минимална количина за испитување што е предност, оти некогаш како доказ се користи и само капка крв. Овој апарат е компатилбилен со највисокото 3-то ниво на прецизност. Тоа се многу софистицирани апарати, тешки за работа и многу скапи, кои се во состојба да анализираат непозната супстанца“, објаснува првиот човек на судска медицина. Ваквата метода се користи во 20 отсто од случаите кои се тешки и најкомплицирани за работа, кога станува збор за труење и смрт од мешавина на хемиски супстанци.

Од сепетмври за првпат ќе биде современо опремена и обдукционата сала, криминалистичката и ДНК лабораторијата. „До добивањето на проектот во операционата сала користиме рачно направени обдукциски маси, што не ги задоволуваат потребните стандарди“, вели Дума, кој се надева дека есенва работите драстично ќе се променат на Институтот за судска медицина во Скопје, кој ќе работи со најсовремена опрема, со цел што побрзо и попрецизно расветлување на настаните и доаѓање до вистината.


#
Статијата е прочитана 1211 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
„Тигарот“ на невропсихијатриско вештачење
Пациент и' удрил два бокса на лекарката
Загина тутунар во Прилеп
Машки труп во центарот

"""