|
|
|
|
|
|
Загина тутунар во Прилеп
ПРИЛЕП - Прилепчанецот Стеван Боцески (67) вчераутро во 6,20 часот загинал во сообраќајна несреќа што се случила на раскрсницата од улиците „Егејска“ и „Кузман Јосифоски-Питу“. Според Секретаријатот за внатрешни работи (СВР) од Битола, до несреќата дошло кога во критичниот момент, Боцески кој што управувал со мопед, на кој што била прикачена количка со тутун, свртел и при тоа директно удрил во минибус „ивеко“ сопственост на прилепската фирма „Амиго“, кој што се движел во правец кон железничката станица.
Од силата на ударот, Боцески бил исфрлен од мопедот, тој паднал на коловозот и добил смртоносни повреди.
„Екипата на итна медицинска помош за жал само ја констатираше смртта. Лицето имало видливи надворешни повреди на главата и телото. А, за утврдување на точните причини за смртта побарано е да се изврши обдукција на телото“, изјави доктор Гоце Јонзоски, началник на службата за итна медицинска помош.
Екипа од полицијата, обвинителството и истражен судија веднаш извршиле увид на местото на настанот. Резултатите од обдукцијата ќе ги покажат причините за смртта. (Мн.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 1425 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Mulla Nasrudin |
Датум: 05.08.2011 03:29:10 |
|
Што наслов ќе ви беше ова, бре луѓе?!?
Битно ли е што бил тутунар, отиде човекот!?! |
|
|
|
|
|
|
Од: Битолчанец963 |
Датум: 05.08.2011 14:19:44 |
|
Ако полицијата доследно го применува законот за задолжително носење на заштитни кациги, можеби шансите да преживее ќе беа реални, но полицијата само ги малтретира малолетните и млади возачи на скутери и мотори. Полицијата треба да свати дека магистралниот пат исто така треба да го исчисти од овие мотори со приколки кои едвај се движат под товарот од тутунот па и понекогаш има седнато друго лице во приколката (не треба да се исклучок и тракторите), бидејки брзината е ограничена на 100 км/ч.
Сообраќајци спроведувајте го законот и спасете невини жртви! а не само се силите на младите кои почнаат кацигите да ги носат на лактовите колку да се рече дека имаат кациги а истите не ја штитат главата за што се и наменети. |
|
|
|
|
|
|
|
|