Машки труп во центарот
Вчера околу 8 часот, на паркинг во централното градско подрачје на Тетово, непосредно кај Домот на културата, полицијата пронајде тело на мртов маж. Првичните информации беа дека бил искрвавен и дека имал пресечени вени на рацете. Од полициски извори се' уште не се даваат информации за идентитетот. Од жители на кулата на улицата „Јане Сандански“ дознаваме дека се работи за жител на нивната зграда. Мажот бил на околу 30 годишна возраст, бил разведен и имал здравствени проблеми. Од истите извори се дознава дека, наводно, откако ги исе��ол вените, скокнал од балконот на неговиот стан од осмиот кат на кулата. Полицијата вчера ги испитуваше сите детали околу настанот. На самото место била увидна екипа од истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа. (Г.Е.) |