На октоподот Пол, Путин ќе му даде пензија
„Ако тој ваш октопод навистина погоди кој ќе биде новиот претседател на Русија, треба да се купи и донесе во Русија за таму да не го изедат како салата. Тука ние ќе му дадеме пензија“, рече со насмевка Путин во разговорот за „Комсомолска правда“. Тој московски весник ја стави во коверт прогнозата на октоподот и ќе ја отвори дури откако ќе се одржат изборите. Во аквариумо�� беа портретите на Путин и Медведев и октоподот „покажа“ кој ќе биде новиот претседател на Русија 2012 година. Путин рече дека не сака да знае што прогнозирал октоподот.
|