Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Свет

Светот во 12 вести

Преговори за мир, афери, силувања и смрт

Преговори за мир на Блискиот Исток

Американскиот претседател Барак Обама ги повика израелскиот и палестинскиот лидер да не ја пропуштат шансата за постигнување траен мир. „Ваква можност можеби нема наскоро повторно да се појави“, изјави тој, ветувајќи американска поддршка за новите преговори. Обама ова го кажа еден ден пред почетокот на новата рунда директни разговори меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Претходно, тој го осуди „бесмисленото убиство“ на четворица израелски доселеници.

Вилијам Хејг демантира дека е геј

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг, демантираше дека имал хомосексуална врска со својот политички советник.

Во сеназционалното и драматично соопштение за јавноста, шефот на британската дипломатија и поранешен лидер на Конзервативната партија ги отфрли тврдењата што се среќаваат на Интернет за „недолична врска” со својот 25-годишен советник Кристофер Мајрес како неточни, злонамерни и измислени, но и дека поради тоа неговиот брак се наоѓа во длабока криза и пред распад. Хејг признава дека тој и младиот советник спиеле во иста хотелска соба за време на службените патувања, но дека сето тоа било направено само за да се заштедат пари во текот на предизборната кампања за мајските парламентарни избори во Велика Британија.

Рударите добија топол оброк

Чилеанските рудари затрупани под земја го добија првиот топол оброк по 26 дена. Ќофтиња, пилешко и ориз беа испратени низ отворот до рударите, кои се затрупани на 700 метри длабочина. Претходно тие добиваа само таблети гликоза и млеко збогатено со протеини. На местото на настанот пристигна и екипа од американската вселенска агенција НАСА за да ги понуди своите совети за одржување на добрата здравствена состојба на рударите. Тим од четворица експерти беше побаран од страна на чилеанските власти за да го споделат своето искуство во надминувањето на проблемот со затворен простор. Нутриционистот од тимот помогна да се состави мени за рударите. Инженерите досега пробиваа отвор во карпите во рудникот за злато и бакар „Сан Хозе“, во близина на Копијапо, откако во понеделникот почнаа да работат. Спасувачките активности се очекува да траат од три до четири месеци.

Ќе го укорат Никола Саркози

Политички групи во Европскиот парламент се подготвени да предложат официјален укор за Никола Саркози. Француското протерување на Ромите ќе се најде под удар на Европскиот парламент веќе следната недела. Четири политички групи ќе предложат официјален укор за францускиот претседател Никола Саркози, или за неговата централнодесничарска влада. Тие, исто така, ќе побараат мислење од Европската комисија за тоа дали Франција не ги почитува човековите права и дали прекршила европски закони во последниве неколку недели.

Африка е демографска бомба за земјите од Медитеранот

Шефот на италијанската дипломатија, Франко Фратини, синоќа во Триполи предупреди дека растот на населението во Африка е демографска бомба оставена на границите на Медитеранот.

Претходно, либискиот лидер Моамер Гадафи побара донација во висина од пет милијарди евра годишно за да се ограничи илегалната имиграција преку неговата земја.

„Либија не ги бара тие пари за себе. Гадафи ги побара за да се забрза развојот на Африка“, истакна Фратини, кој учествува на Форумот 5+5 на двата брега на Средоземното Море, што се одржува во главниот град на Либија, Триполи.

Италијанскиот министер за надворешни работи наведе дека треба да има вистинско партнерство меѓу Европа и државите јужно од Сахара.

„Со Либија имаме партнерство што дава резултати. Изворот на имиграцијата пресуши. Илегалните имигранти што пристигнуваа на италијанскиот брег од Либија, просечно 23.000 лица годишно, во 2010 година ги имаше 300“, потенцира Фратини. Францускиот државен секретар за европски прашања, Пјер Лелуш, истакна дека проблемот со илегалната имиграција се преместил кон источниот дел на Медитеранот, односно илегалните имигранти во Европа влегуваат, главно, преку Грција, а доаѓаат преку Турција. „Европа треба да ги поддржи грчките партнери за решавање на проблемот со илегалната имиграција“, рече Лелуш.

Приднестровје слави 20 години независност

Малиот бунтовнички регион Приднестровје во Молдавија вчера бунтовно ја одбележа 20-годишнината од унилатералното прогласување независност и тоа во целосно советски стил.

Загинаа десетмина ирански аџии

Најмалку десетмина ирански аџии загинаа, а 33 се повредени кога нивниот автобус се преврте и се запали во Искандарија, јужно од Багдад, изјавија болнички и полициски извори. Автобусот се движел од шиитскиот свет град Наџаф кон северниот град Самара, уште еден свет град за шиитските муслимани.

Мило Ѓукановиќ одново заминува

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, дефинитивно, веќе кон средината на октомври ќе ја напушти премиерската функција поради преземањето на новата должност во НАТО, додека на лидерското место во партијата би можело да се задржи до конгресот поради несогласувањето околу неговиот наследник, пишува денеска подгоричкиот весник „Дан“.

Весникот тврди дека е речиси извесно и повлекувањето од политиката на вицепремиерот и потпретседателот на владејачката Демократска партија на социјалистите, Светозар Маровиќ.

Силуваат жени и деца во ДР Конго

Околу 260 жени, девојки и бебиња се силувани откако бунтовниците неодамна зазедоа град во Демократска Република Конго, соопштија ОН. Официјалните лица претходно посочија дека добиле извештаи за 150 силувања во и околу градот Лувунги. Мисијата на ОН е жестоко критикувана што не сторила повеќе за заштита на локалното население, бидејќи има мировници во непосредна близина. (Ројтерс)


Знамето за Гинис во Баку

Во главниот град на Азербејџан, Баку, завчера е отворен Плоштад на државното знаме со највисок јарбол во светот.

Медиумите ја објавија изјавата на азербејџанската влада дека тоа е потврдено со влегувањето во Гинисовата книга на рекорди. 

Знамето што се вее на височина од 162 метра, се гледа од секоја точка на Баку. Тоа е широко 35 метри, долго 70 м, а е тешко околу 350 килограми. Вкупната тежина на целата конструкција е 220 тони. На свеченоста на отворањето на плоштадот, на површина од 60 хектари, во јужниот дел од градот на брегот на Каспиското Море, присуствуваше и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој беше иницијатор за неговата изградба.

Од НАТО-бомби загинаа цивили

Во воздушен напад од странските сили вчера загинаа десет членови на изборна кампања во северниот дел на Авганистан, изјави портпаролот на владата, а силите на НАТО соопштија дека спроведуваат истрага за инцидентот. Цивилните жртви предизвикани од странски сили додека гонат милитанти се голем извор на тензии меѓу претседателот Хамид Карзаи и западните држави. Насилството низ Авганистан е најлошо од соборувањето на талибанците кон крајот на 2001 година, и покрај присуството на речиси 150.000 странски сили, каде што цивилите го трпат најголемиот удар.

Геј-парови во Нов Јужен Велс ќе посвојуваат деца

Парламентот на Нов Јужен Велс, австралиска држава со најмногубројно население, вчера ги изгласа измените во Законот за посвојување, со што ги укина дискриминационите клаузули и дозволи на хомосексуалните двојки да посвојуваат деца. Дебатите за измените во законот траеја четири дена и предизвикаа протест на околу 200 лица пред Парламентот во Сиднеј. Дејвид Кларк, кој беше на чело на протестот, истакна дека учесниците во него не се мотивирани од религиозни убедувања.Ние сме мотивирани од моралот и од правата на децата, рече Кларк. Премиерката на Нов Јужен Велс Кристина Кинли, која е католик, ги поддржа измените во законот.


#
Статијата е прочитана 766 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Блер
На октоподот Пол, Путин ќе му даде пензија
Потребни ли и' се минариња на Австрија?
Путин не се плаши за сопствениот рејтинг