Василичарски свинг и џез-концерт во МОБ
Во понеделник, со почеток во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе се одржи традиционалниот оперски концерт по повод Василичарските свечености. Оваа година концертот е на тема свинг и џез во рамките на кој ќе бидат изведени познатите евергрин хитови: Feeling good, My way, save the last dance for me, Fiver, Fly me to the moon, Unforgetable, Sway и други.
Во изведба на Оркестарот на МОБ и „Тумбао салса бенд“, а под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар настапуваат солистите: Игор Дурловски, Сандра Митровска, Ѓорѓи Цуцковски, Зафир Хаџиманов, Максим Хожиќ од Хрватска, Драган Мијалковски, Калиопи, Лидија Кочовска, Андријана Јаневска, Марија Димитријевиќ, Горан Наумовски, Ана Мицковска и Ристо Ѓоревски на кларинет. (К.Р.) |