Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Нови бисти на народните херои во Прилеп

Новите бисти во Паркот на револуцијата во Прилеп ќе бидат поставени до март

Во Паркот на револуцијата во Прилеп до март ќе бидат поставени нови бисти на народните херои, кои пред повеќе од две години беа украдени. Веќе се изработени калапите на седум од десетте бронзени бисти, колку што исчезнаа и никогаш не беа пронајдени. Во својата работилница во Прилеп ги изработува академскиот скулптор Емил Солески.

„За два месеца се готови калапите на бистите на хероите Кире Гаврилоски, Орде Чопела, Рампо Левката, Борка Талески, Круме Волнароски, Лазо Филипоски и на Борка Велески-Горанов. Чест ми е што ги изработувам бистите на хероите. До крајот на февруари ќе бидат излеани во бронза во работилница во Скопје, за во март тие да се вратат на местото кое им припаѓа – на постаментите во Алејата на хероите во Паркот на револуцијата“, изјави скулпторот Солески.

За изработката на бронзените бисти општината намени 1,3 милиони денари, во кои со 40 отсто учествува Министерството за култура.

„Се уште не се пронајдени крадците. Кога и да се најдат ќе инсистираме на најригорозни казни. За да не се случи уште еднаш вакво вандалство, работиме на проект со полицијата за заштита на сите значајни обележја во Прилеп. Во Паркот на револуцијата сега функционира чуварска служба“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Пред повеќе од две години од постаментите во Алејата на хероите во Прилеп беа украдени седум од десетте бронзени бисти на народни херои кои загинаа во Народноослободителната војна. На постаментите останаа само бистите на Мирче Ацев и на Кузман Јосифоски- Питу, а бистата на Илија Игески-Цветан, која беше турната и оштетена се наоѓа во музејот од каде ќе се врати на своето место.

За годинава општина Прилеп планира два монументални споменика – еден за крвавиот настан кај Карпалак во 2001 година и голем споменик на Крали Марко. (МИА)


Статијата е прочитана 212 пати.

Испрати коментар

Од: Тања
Датум: 10.01.2009 12:28:36
До општина Прилеп: Тоа е се’ многу убаво и за пофалба. Градоначалникот Марјан Ристески работи, и тоа е видливо. Но, да се размисли убаво и за нешто што своевовремено го разговарав и со Платнар - Зошто не се отвори Участокот за посети, ако е веќе музеј? Јас сто години доаѓам во Прилеп, а Музејот отворен не сум го видела! Зошто е постојано затворен, бистата на Питу стои турната позади градбата, а пред Музејот на тезги се продава долна облека и влечки??? Тоа е толкава срамота, што поголема не може да биде. Ако ти дојде странец гостин и сакаш да го прошеташ, ќе му ги покажеш женските градници како експонат пред Участокот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Браќа Манаки“ ќе добие нов директор
Струшката галерија на икони доби каталог
Уште пет дена трае конкурсот за „Роман на годината“
Василичарски свинг и џез-концерт во МОБ