„Хари Потер и полукрвниот Принц“ во претпродажба
„Младинска книга“ која го објави шестото продолжение од сторијата за Хари Потер, од 2 март, до излегувањето на книгата „Хари Потер и полукрвниот Принц“ од Џоан К. Роулинг, во печат, организира претпродажба на истата со попуст од 10 проценти. Цената на книгата изнесува 1290 денари, а купувачите ќе добијат и подарок постер, но ова може да се реализира само во книжарницата „Матица“ и кај издавачот „Младинска книга“.
Инаку, книгата „Хари Потер и полукрвниот Принц“ авторката Џоан ја посветува на ќерката Мекензи која се роди непосредно пред објавувањето на книгата. Затоа и авторката ја нарекува нејзина близначка од мастило и хартија.
Овој месец започна и снимањето на последниот филм, седми по ред, под наслов „Хари Потер и реликвиите на смртта“ што ќе можеда се погледне во ноември следната година и во мај 2011 година, бидејќи како што е најавено истиот ќе биде сниман во два дела.
Авторката на сагата за Хари Потер, Џоан К. Роулинг, доби безброј признанија и награди, но неодамна и Францускиот претседател Саркози и додели Орден Легија на честа-признание кое на Роулинг и беше доделено за целокупниот придонес на авторката за развој на вредносните и образовните придобивки во светот на децата. (Н.П.) |