Битолските ликовни уметници изложуваат во Скопје
Димитар Кочовски-Мичо, „Слика“
Годинава ДЛУБ одбележува 35 години постоење
Катерина Богоева
Друштвото на ликовни уметници на Битола, во Музејот на град Скопје на изложба отворена вчера, презентира над 80 дела (слики, скулптури, графики, плакати, мозаици, стрипови) од 32 негови членови уметници, жители и на други градови од земјава. Друштвото одбележува триесет и пет години постоење, а во рамките на ова редовно годишно претставување, со свои дела учествуваат авторите: Александар Макаријовски, Бојана Артиповска -Трпческа, Васил Костов, Влладимир Младеновски, Владимир Темков, Владе Котевски, Дијана Јошевска, Димитар Кочевски - Мичо, Димитар Солаковски, Димитар Хрсистов, Драган Најденоски, Драган Хаџи - Николов, Ѓорѓи Димовски, Елена Вангеловска, Елена Ѓорѓиевска, Иванчо Талевски, Илија Кочовски, Касиопеја Наумовска, Кирил Гегоски, Ленче Крстевска, Лидија Саздовска, Љубица Мешкова - Солак, Маја Томевска, Неда Петковиќ, Михајлчо Димитриевски- The Мичо, Оливера Лазаревска - Оља, Илија Миноски, Павле Кузмановски, Панде Петровски, Тања Манева, Трајче Блажевски и Синиша Кашавелески.
Димитар Солаков, актуелниот претсседател на ДЛУБ, посочува дека годишно успеваат да организираат 3 до 4, но и повеќе изложби што се финансираат од Министерството за културата и од локалната власт.
„Во последните две години се зачленија поголем број на млади автори кои дипломираа во Скопје и Софија, со што се пополни празнината на битолската ликовна сцена. Со години наназад постоеше генерациски расчекор кој се изразуваше на ликовната понуда, така да сега Битола има мала ликовна сцена која се развива. Друштвото има своја мала галерија во Безистенот во центарот на градот, погодна за изложби на дела од мал форма��, а за поголемите изложби ги користиме галериите во „Магаза“ и во Заводот за заштита на спомениците на културата“. |