Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Друга страна“ - трета премиера на Малиот драмски театар

Претставата ќе биде прикажана денеска, на алтернативната сцена на Мал драмски театар од Битола

Битола - „Другата страна“ од Дејан Дуковски е најновиот проект на Мал драмски театар од Битола, трет од неговото формирање. Претставата премиерно ќе биде прикажана денеска на една алтернативна сцена, во ноќниот клуб „Инфинити“ во Битола. Режијата е на Мартин Кочовски и во неа се обработува една конкретна македонска тема, која младите од соседните земји одамна ја имаат прележано - неспособноста на младите луѓе да ги искажат своите ставови и да се изборат за своите вистини. „Тргнувајќи од ова, во претставата го поставувам проблемот и паралелата со генерацијата на нашите родители и, поради тоа, ја одбирам како симболична 1968 година. Бурна година кога насекаде во светот млади интелектуалци се кренаа и се изборија за своите права, дури и во држави каде што тоа изгледаше невозможно. Тие родители имаа поколение. Тоа поколение сега гледам дека не е способно ништо да промени и да ги земе работите во свои раце. Својата судбина само да ја решава. Оваа претстава силно го потцртува тој проблем на македонската младина“, рече Кочовски.

Со оглед на фактот што Мал драмски театар се' уште нема услови претставите да ги одржува на класична театарска сцена, режисерот вели дека и оваа претстава е приспособена на една диско-сцена. „Просторот е дискотека, што само по себе наметнува една друга динамика и други изразни средства, што и за нас е нешто ново. Откривме еден јазик кој е европски и се надевам дека токму поради тоа ќе пропатува низ Европа“, вели Кочовски.

Во претставата, покрај доајенот на битолскиот театар Јоана Поповска, учествуваат претежно млади и невработени актери: Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Стефанија Зисовска, Бисера Бендевска, Александар Лозановски и скопскиот актер Петар Арсовски. „Живееме во време во кое ништо не е средено. Дали младиот човек може да живее со одредено чувство, како што е, на пример, со омразата и дали ќе може да се одмазди? Дури ни тоа не можеме да го направиме, бидејќи и од другата страна има една личност која е исто така руинирана како и ние“, рече Чоревска, толкувајќи го ликот на Лили. Влезот за претставата „Друга страна“ е бесплатен, а поради проблеми со финансиски средства, извесно е дека засега ќе бидат одржани само три претстави.

Мал драмски театар од Битола е формиран пред три месеци и предизвика голем број реакции во јавноста, и позитивни и негативни. „Писателот Венко Андоновски рече дека македонскиот театар никогаш нема да биде ист по појавата на овој театар. Се надевам дека ќе биде така. Театарот треба да има една друга енергија, не може исклучиво да биде ни само забавен ни политикантски. Овој ќе се занимава како во античко време кога бил политички театар, без да скршнува во некои други води, а најмалку во политикантство“, појасни Благоја Стефановски, еден од главните креатори на театарот. Оваа нова драмска творба околу себе собра и едни од најдобрите и најекспонираните македонски актери. „По толку години работа и кариера, можеби овие ми се најубавите мигови, гледајќи на една страна што се случува. Овде се прави некој млад и добар театар, кој мислам дека ќе прерасне во нешто големо со проекти што ќе бидат на високо европско ниво. Како што беше досега Битолскиот театар“, рече актерката Јоана Поповска.

Мал драмски театар во Битола зад себе има уште две одиграни претстави „Граница“ од Венко Андоновски во режија на Софија Ристевска и „Валканите приказни“, како авторски проект на Софија Ристевска. Сите три проекти од 6 до 8 март ќе бидат прикажани пред десетина европски менаџери на театри кои ќе допатуваат во Битола, а надежите се дека со тоа на Малиот драмски театар ќе му се отворат вратите на Европа. (А.Б.)


Статијата е прочитана 198 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Годишно собрание на ИКОМОС
Изложба „Гол ручек“ во „Галерија 7“
Лавина реакции по успехот на филмот „Милионер-бездомник“
Македонски уметници на изложба во Берлин
„Хари Потер и полукрвниот Принц“ во претпродажба
Битолските ликовни уметници изложуваат во Скопје