|
|
|
|
|
|
„Нектар“ го купи „Фруктал“
Српската компанија „Нектар“ го купи словенечки „Фруктал“ за 50 милиони евра, така што ќе стане еден од најголемите српски инвеститори во Словенија, изјави директорот на фирмата од Бачка Паланка Бојан Радун.
Тој истакна дека не е пропишано нивото на задолжнителни инвестиции, но најави „Нектар“ сака да вложи дополнителни финансиски средства во развој на овоштарството и локалните производители на овошје во Словенија, во натамошниот развој на „Фруктал“, како и во негово ширење во регионот. Радун истакна дека договорот со словенечкиот најголем производител на сокови е потпишан завчера попладне. Како што објави словенечкиот весник „Финанце“, мнозинскиот сопственик на „Фруктал“ „Пивоварна Лашко“, објави на Љубљанската берза дека за 93,73 отсто од капиталот слове��ечката фирма на „Нектар“ ќе му плати 35,3 милиони евра. „Нектар“, кој важи за најголем производител на овошни пијалаци во Србија, е основан во 1998 година во Бачка Паланка, и е во стопроцентно сопствеништво на семејството Радун. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 797 пати.
|
|
|
|
|
|
|