Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија
Намален растот на британската економија

Британската економија во вториот квартал од оваа година забележа раст од само 0,2 отсто, што претставува намалување во споредба со првите три месеци, соопшти Бирото за државна статистика. Во првиот квартал од годинава, економијата имаше раст од 0,5 отсто. Во објаснувањето за намалувањето на растот, во периодот меѓу април и јуни, се посочува продолжениот одмор по повод кралската свадба на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, на крајот од април, како и катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија, кои предизвикаа прекин на работата на повеќето автомобилски фабрики во Велика Британија, затоа што останаа без делови за производство на јапонски автомобили. Домашните економски експерти оценуваат дека намалениот раст ќе го зголеми притисокот врз владата на премиерот Дејвид Камерон за менување на основниот економски курс што е воспоставен по последните парламентарни избори во 2010 година, инсистирајќи дека целата економска политика не може да се сведе само на намалување на буџетскиот долг на земјата и на кратење на потрошувачката во јавниот сектор. (МИА)

#
Статијата е прочитана 287 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Најмлади милјардери во светот
За Илинден или на плажа или во спа-центар
Годинава ќе има квалитетни пиперки за ајвар
Гром го преполови капацитетот на „Бучим“
Во Бугарија живеат 1.673 милионери
Нафтата над 99 долари
„Нектар“ го купи „Фруктал“

"""