Најмлади милјардери во светот

Брзиот развој на технологиите им ја отвори портата кон милијардите на младите страсни луѓе
Општата претстава за супербогатите луѓе е дека тие се бизнисмени, постари од 40 години. Но, традициите повеќе не се такви какви што биле некогаш. Брзиот развој на технологиите им ја отвори портата кон милијардите на младите страсни луѓе. Така се изроди најмладиот милијардер во светот, кој не го наследи своето богатство, туку го заработи.
Марк Цукерберг
Стартувајќи го својот мал проект во студентскиот дом на американскиот универзитет „Харвард“, 26-годишниот Марк Цукерберг изгради цела империја, која денес се нарекува „Фејсбук“. Моментно неговото богатство се проценува на повеќе од 13,8 милијарди долари, а магазинот „Тајм“ го прогласи за „Личност на 2010 година“. Холивуд, исто така, не остана рамнодушен и веднаш сними филм за неговиот вртоглав пат кон успехот во создавањето на најголемата социјална мрежа на планетава. Пред извесно време, милијардерот објави дека ќе донира половина од своето богатство во доброволни цели, подоцна во својот живот или по неговата смрт.
Дастин Московиц
Само осум дена помладиот од Цукерберг, соосновачот на „Фејсбук“, Дастин Московиц, исто така е дел од елитниот клуб на милијардерите. На функција како трет човек во компанијата и нејзин вицепретседател, тој се проценува дека има богатство од над 2,7 милијарди долари. Сепак, во 2008 година Московиц го напушта „Фејсбук“ и започна сопствен бизнис.
Јошиказу Танака
Во Јапонија 34-годишниот Јошиказу Танака е решен да ја нападне лидерската позиција на „Фејсбук“. Тој е основач на најголемата социјална мрежа „Гри“ во земјата на изгрејсонцето. Вредноста на неговата компанија се проценува на околу 2,2 милијарди долари, а Танака се подготвува за глобална експанзија. Канцеларии на „Гри“ наскоро ќе бидат отворени во Калифорнија, САД.
Лари Пејџ
Цукерберг, Московиц и Танака се' уште се далеку зад нивните „батковци“ Лари Пејџ (38) и Сергеј Брин (37). Пред малку повеќе од една декада, двајцата ги положуваат темелите на компанијата, која постепено се претвори во апсолутно доминантна во онлајн-просторот. „Гугл“ ги лансираше компјутерските специјалисти Пејџ и Брин во друга орбита - моментно секој од нив располага со богатство од по 19,8 милијарди долари.
Јусаку Маезава
Моќта на интернетот, за правење милјарди, ја искористи и Јусаку Маезава. Јапонецот изоди пат од рок-ѕвезда до супербогат бизнисмен, пред да наполни 35 години. Неговите први чекори во бизнисот се поврзани со неговиот бенд-продава он-лајн ЦД-а и маички на бендот. По ова му доаѓа идејата за виртуелниот трговски центар Зозотаун. Така од 2005 година навака, Зозотаун веќе има над 3 милиони регистрирани корисници. Дури ниту глобалната економска криза не може да го урне интернет трговскиот центар, а Маезава станува мултимилијардер.
Ксјао Фенг
Кинезот Пенг Ксјао Фенг, исто така, може да се пофали со титулата „млад милијардер“. Во 2005 година 30-годишниот Фенг ја основа компанијата „ЛДК солар ко“, која за многу кусо време станува азиски лидер во експлоатирањето на сончевата енергија. Само 6 години подоцна, личното богатство на младиот кинески претприемач се проценува на 1,5 милијарди долари.
Олег Бахматјук
На 36-годишна возраст, во категоријата „супербогати бизнисмени“, влегува и еден Украинец. Прво со обиде во апетитниот нафтен бизнис, Олег Бахматјук, сепак подоцна одлучува да се испроба во нешто сосем друго. Но, не во сферата на интернет трговијата или во возобновливите извори на енергија. Тој се насочува кон бизнисот со јајца. Неговата компанија „Авангард“ станува најголемиот производител и извозник на јајца во Украина. Бизнисменот-милијардер објаснува дека одлуката за неговото влегување во трговијата со јајца и продукти од јајца, ја донел поради постојаното зголемување на популацијата на Земјата и пропорционално на тоа зголемената неопходност од повеќе храна за населението на планетата. Логика со цена од милијарди долари. (Од агенциите)
|