Гром го преполови капацитетот на „Бучим“
Стравотно атмосферско празнење што се случи завчера попладне над Радовишко тешко оштети еден од двата огромни електромотора во флотацијата на рудникот за бакар „Бучим“. Електромоторот, кој е со јачина од 3,7 мегавати часа и чија вредност се мери во милиони евра, од завчера не ја извршува својата функција, па флотацијата работи со преполовен капацитет.
„Оваа состојба ќе потрае десетина дена и за тоа време ќе имаме намалено производство од 500 тони бакарен концентрат. Настраданиот електромотор е еден од двата што и' ја даваат погонската енергија на целата флотација. Веднаш ги повикавме стручњаците од фабриката за електромотори ’Север‘ од Суботица, но ќе им бидат потребни најмалку десет дена за да го оспособат електромоторот“, вели Никола��чо Николов, заменик-генерален директор во овој рудник. (И.Б.) |