Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Нема докази дека Македонија шверцувала оружје за Грузија

Грузијците ги сакале авионите „сухој“, но поради ниската цена и политичката процена не дошло до договор

Љубиша Станковиќ

Некои медиуми деновиве пласираа информации кои упатуваат на заклучок дека Македонија, наводно, планирала дел од таканареченото неперспективно оружје да го препродаде во Грузија. Тие информации требало да најдат поткрепа, најверојатно, во оружјето што Министерството за одбрана требаше да и' го продаде на бугарската компанија ЕМКО ЛТД, а кое стана предмет на судски процес. Станува збор за пратка од пушкомитралези и рачни фрлачи, кои припадниците на МВР ја запленија во погоните на фабриката МЗТ, за брзо потоа целата работа да прерасне во скандал, кој во јавноста стана познат како „шверц на армиско оружје“.

Целата приказна со неперспективното оружје од коешто АРМ, согласно со обврските преземени спрема НАТО, требало да се ослободи, започнува на 22 јуни 2005 година кога на затворена седница на владата се донела одлука за „отпишување, продажба или размена на материјално-технички средства“. Во владината одлука е наведено дека отписот е „во врска со спроведувањето на насоките на Годишната програма за членство во НАТО и Стратегискиот одбранбен преглед“. Владата презела обврска за ослободување од оружје што не е компатибилно со стандардите на НАТО, односно требало да дојде до ослободување од рачни фрлачи со калибар од 80 и 120 милиметри, пушкомитралези, склопови од уништени борбени тенкови „Т-55“ и авионите „сухој“.

И покрај ваквата владина одлука, за рачните фрлачи и за тенковите веќе се водат кривични судски спорови, односно од она што било договорено на седницата на владата единствено останале да „лебдат“ армиските авиони.

„Во ниту еден од случаите не постои шверц на оружје, туку се работи за доследно извршување на одлука на владата. Продажбите на рачните фрлачи и на пушкомитралезите беа согласно со договорот што МО ги имаше потпишано со бугарската компанија ЕМКО. Согласно со одлуката на владата, истото тоа требаше да се случи и со армиските тенкови. Точно е и тоа дека Грузија беше заинтересирана за купување на четирите авиони ’сухој‘, но до реализација на испораката на авионите не дојде и поради ставот на тогашниот министер за одбрана и поради ниската цена што беше понудена за авионите“, вели нашиот соговорник, кој сака да остане анонимен, кој ��рисуствувал на работните колегиуми во МО и кој директно бил инволвиран во случувањата со продажбите. Тој не може точно да одговори зошто министерот за одбрана се одлучил на таков чекор, но вели дека за „сухоите“, кои во кризната 2001 година биле набавени за милион евра, требало да бидат продадени само за 150.000 евра.

Ексминистерот за одбрана Јован Манасиевски пред судот изјави дека државата не шверцувала оружје, односно дека само се спроведувала одлука на владата.

„Ставањето на Македонија на ’црната листа‘ на земји-лиферанти на оружје е несериозна и опасна работа и може да причини голема штета. Продажба на оружје државата може да реализира исклучиво со компанија која мора да поседува меѓународен сертификат за вршење таква дејност. При продажбата на пушкомитралезите и рачните фрлачи, бугарската компанија ЕМКО ЛТД достави увозен сертификат до МО на кој како импортер е наведено името на компанијата, а извозник македонското Министерство за одбрана. На сертификатот покрај ’описот на добрата‘ кои се предмет на купопродажба, наведени се и обврските што ги презема купувачот. Ова значи дека без дозвола на владината Комисија за контрола на извоз и непролиферација на оружје за масовно уништување, ЕМКО не смее да се занимава со реекспорт, продажба и лиферација. Краен гарант за имателот на овој сертификат е печатот на бугарското Министерство за економија“, појаснува нашиот соговорник, кој е во исчекување на пресуда за злоупотреба на службената положба во скандалот што беше наречен шверц на оружје.

„Неколкумина сме осудени поради продажба на 300 парчиња митралези, а според планот и програмата требаше да се продадат уште толку. Од митралезите што ни беа донирани и од кои требаше да се ослободиме, државата требаше да заработи. Минофрлачите се бугарска донација, а ние за нив требаше да добиеме пари од бугарска компанија“, вели нашиот соговорник.

За скандалот со армиското оружје, во интервју за една државна телевизија, кон крајот на јануари минатата година, проговори и амбасадорката на САД во Република Македонија, Џилијан Миловановиќ, која изрази неверување во таква работа.


Статијата е прочитана 210 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Обвинителот отвора предмет за „поткупот на Јакупи“
Кина заинтересирана за економска соработка со Македонија
„Нешенел џеографик“ го побугарчи Охрид
Во Штип поднесени 480 барања за враќање на имотот од Грција