Во Штип поднесени 480 барања за враќање на имотот од Грција
ШТИП - Сто нови барања за враќање на имотите на Македонците кои се по потекло од Егејска Македонија се поднесени деновиве до Здружението „Македонски Егеј“ од Штип. Претседателот на здружението, Стојан Димков, изјави дека во Штип заедно со првата акција досега има вкупно 480 пополнети апликации за враќање на имотот на Македонци по потекло од Егејска Македонија. „Канцеларијата на Здружението изминатите два месеца беше отворена секој ден, а од оваа седмица барањата ќе можат да се поднесуваат само во четврток од 17 до 19 часот“, рече Димков. Акцијата треба да заврши до Нова година, а потоа барањата ќе бидат доставени до Меѓународниот суд за човекови права и до Грција. (МИА) |