Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Кина заинтересирана за економска соработка со Македонија

Кина и' два силна поддршка на Македонија за членство во НАТО и ЕУ под нејзиното уставно име и ги поздравува реформите на Владата за подобрување на вкупната бизнис- клима, потенцирајќи ја важноста на соработката помеѓу бизнис-заедниците на двете земји. Заради унапредување на односите меѓу Кина и Македонија, вицепремиерот Зоран Ставрески и вицепремиерот на Државниот совет на Народна Република Кина, Џанг Деџијанг, вчера во Скопје потпишаа четири документи кои претставуваат промоција на односите меѓу двете земји и континуираната соработка на билатерален план.Потпишани се Спогодба за економска и техничка соработка, Писмо за соработка во областа на развојот на човечките ресурси, Извршна програма за соработка во областа на културата за периодот 2008-2011 година и Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија и Бирото за промоција на инвестиции при Министерството за трговија на НР Кина.

Четирите документи потпишани со уставното име на Република Македонија отвораат можности за соработка во областа на економијата, трговската размена, образованието, културата и високата технологија.

Кина изрази и подготвеност делегација од 100 кинески бизнисмени да ја посетат Македонија заради инвестирање и воспоставување бизнис-релации со македонски компании. Изразен е интерес и за унапредување на соработката на полето на туризмот, преку афирмирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација помеѓу кинескиот народ. Во знак на пријателство на кинескиот народ кон нашата земја, НР Кина ќе додели грант на Република Македонија во износ од 11 милиони јуани за развој на човечките ресурси. Кина ќе им помогне на македонските граѓани со можност за изучување на кинескиот јазик во Македонија преку формирање Институт Конфучие во државата. (МИА)


Статијата е прочитана 185 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Обвинителот отвора предмет за „поткупот на Јакупи“
„Нешенел џеографик“ го побугарчи Охрид
Нема докази дека Македонија шверцувала оружје за Грузија
Во Штип поднесени 480 барања за враќање на имотот од Грција