07.10.2011, 17:56 Анализа
Избери го својот цитат
Радмила Шекеринска
Каде ќе оди Македонија зависи од одлуката и од храброста на замолчаните и загрижените
Кога мали луѓе добиваат голема сенка, тоа значи дека заоѓа сонцето
Лин Јутанг, кинески писател
Избори, медиуми, бизнис, судство... Која е точката која им е заедничка? Не е чесност. Не е ни професионалност. Законитост? Уште помалку. Нишката која ги спојува и која диктира резултати, емисии, профити и пресуди се вика СТРАВ.
Секојдневно го гледаме овој феномен на дело. Прашувате зошто министерството со месеци не одговара на вашето барање – со шепкање велат „кај министерот е, не смеам ништо да ви кажам“. Поднесувате жалба до суд – официјалната тога без зборови ниту професионално достоинство, гестикулира дека не може да помогне и дека добила налог „од горе“. Полицаецот на кого му укажувате дека цела Ленинова е закрчена од непрописно паркирани возила, крева раменици и покажува дека црните лимузини со затемнети стакла се на луѓето чии имиња не смееме дури ни да ги споменуваме. Ги слушате бизнисмените како со часови се жалат дека нема пари, дека државата не си ги плаќа сметките, дека вака веќе не може, но кога ќе ги побараат тоа да го кажат во камера – уплашено велат: „Зарем мислиш дека сум луд?“ На телефон зборуваме со шифри, на улица внимаваме со кого ќе се поздравиме, во кафена внимаваме кого попреку ќе го погледнеме. И така секој ден. Со лажна надеж дека некој друг ќе ги скрши прангите на нашата неслобода.
Стравот веќе не е „унисекс“ – властите обезбедија „персонализирани“ форми. Корисниците на социјална помош се плашат таа да не им се укине со паушална одлука на некој „непартиски“ службеник за што немаат пари да се жалат на суд, па молчат кога истата доцни. Невработените се плашат да не станат „избришани“ зашто не ставиле потпис на третата копија на еден те ист документ, па молчат кога со денови чекаат да добијат сини картони. Докторите се плашат да не бидат оцрнети, па молчат кога немаат конци за операција. Пациентите се плашат ... од се’, па молчат кога гледаат дека лекот (најевтиниот, согласно одлуката на министерот) е обично „placebo“. Професорите се плашат да не бидат наклеветени дека се блазирани интелектуалци, па молчат додека го гледаат „самоубиството од заседа“ на Универзитетот. Новинарите се плашат да не испаднат „платеници“, па молчат за платеништвото на газдите. Едниот сосед молчи за да му го вработат син му; другиот, пак, за да не му ја избркаат ќерката. Газдата на гранапчето молчи за да не му дојде инспекција; газдата, пак, на фирмата од спротива, за да му излезе инспекцијата која му „кампува“ еве веќе 3 месеци.
Гласот на оние кои не се „превентивно“ замолчени се покрива со „плукачки шум“. Функционира беспрекорно. Ако власта идентификува неколку „непоправливи случаи“ кои одлучиле да говорат и покрај се' – тогаш се применува „план Б“. На „храбрите“ им се пуштаат неколку платени „загари“ кои добиваат ударни термини за да кажат дека тие се „анационални предавници“, дека работат за други каузи и служби, дека биле шпиони уште кога биле во градинка, дека семејството им било „сомнително“... Плукачите се ротираат, но плунката секогаш е иста: лажна, леплива и добро платена.
Но, и ова е нежно во споредба со третиот „арсенал“. Тој е резервиран за оние кои отрпнале на критиките и лагите, на етикетите и заканите. Оние кои решиле да одат понатаму, а ни шумот не ги втишал. Поради многу камери и изјави, тие завршуваат повторно со камери, но и со лисици. Легнати се на пад, се тресат пред очите на нивните деца и пријатели, се апсат, се приведуваат и... се забораваат таму. Заради нивна „безбедност“, а и за памет на останатите.
Пред два дена еден колега од една нормална европска земја, ми постави уште понормално прашање: „Радмила, зошто овие луѓе не го користат Европскиот суд за човекови права? Па тој постои за да не' спаси од неправдите и политичките притисоци од секаков вид“. Тука лежи зајакот! Европскиот суд може да разгледува жалба на веќе дадена правосилна одлука на наш правосуден орган, а нашите „виновници“ ретко стигаат на суд, а уште поретко до правосилна одлука. Нема ни потреба. Ако си веќе 10 месеци во притвор, ако твоето име се валка во калта секој ден од тие 10 месеци – судот станува неважен дури и за одмаздничката власт. Ти си веќе осуден и казнет за твојата илузија дека живееш во слободна држава.
Ова е вториот столб на кој почива силата на македонските властодршци. За првиот - парите пишував минатата недела. Парите лепат, а стравот дополнително стега. Кој не се купува, тој може да се уплаши. Кој не се купува, МОРА да се уплаши. И пирамидата на еден човек-една фамилија-една партија стои цврсто. Не и' можат ништо ни растечката сиромаштија, ни големата безработица, ни блокираните интеграции.
Кога власта се плаши од својот народ, тоа е слобода. Кога народот се плаши од власта, тоа е тиранија – рекол Томас Џеферсон. Џеферсон е резервиран за официјалните говори на нашите власти, но „меѓу своите“ тие го преферираат Буковски (не „купувајќи“ ја неговата иронија) кога вели: „Разликата помеѓу демократија и диктатура е тоа што во демократија прво гласаш, а потоа следиш наредби; додека во диктатура немаш потреба да трошиш време на гласање“. Така нашите „првенци“ со силно изразени семејни вредности Џеферсон си го цитираат дома, а Буковски кај партнер(к)ите.
Малите македонски политичари добиваат се' подолги сенки и навистина изгледа дека сонцето се спрема да зајде. Дали ова значи смртна пресуда за македонската демократија? Од нас зависи. Од оние кои се' уште зборуваат, пишуваат, пркосат. Но, уште повеќе од оние кои се' уште молчат. Стравот е нормална реакција на рационални и одговорни луѓе. Се плашат за себе, своето семејство, своите деца. Оправдано, за жал. Каде ќе оди Македонија зависи од одлуката на замолчените и загрижените. Од нивната одлука и од нивната храброст. Храброста која не е отсуство на страв, туку рационална победа над стравот. Храброста како одлука да се одважиме денес, за да не се плашиме цел век.
Од страв и насилство бегам во поезија. А таму Шекспир ги предупредува македонските владо-насилници: „Со време го замразуваме тоа од што се плашиме“. Стравот можеби им донесе уште еден мандат, но омразата ќе им го земе.
(Авторката е пратеник) |
|
Статијата е прочитана 2585 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 08.10.2011 00:26:48 | Neka pobedi pravdata, pa makar i cel svet propadnal .Veruvam go znaes ovoj citat. Nas ne vodat obicni smrtni luge koj ,ete ne znaat dobro da rabotat ili mozebi i Gospod tolku im dal. No seedno, takvite mozat da opstojat se dodeka narodot taka saka, pa ako narodot gi saka i odi vo samounistuvanje, znaci deka saka da propadne. Sepak ostanuva narodot da si odluci so kogo saka da propadne, bidejki se poevidentno e deka asolen lider koj moze da ja povede ovaa drzava vo totalni reformi i promeni na podobro i da rascisti so mnogu raboti pa i so luge, ednostavno nema. Ili pa molci i e nezainteresiran. |
| USA, 08.10.2011 02:52:45 | Ista pesna kako pred izbori. Lisja padlaat, sonce zaodja, strav i trepet. Ne moze dajte vlast pa ke pokazeme kako, tuku pokazete pa mozebi i ke dobiete vlast. |
| respekt, 08.10.2011 03:54:08 | Aнализата е перфектно елаборирање на стварноста во Македонија. Само корумпираните и ментално ретардираните нема да се согласат со авторката на Анализата, но не со контра-аргументи, туку со дискредитации и плукање. По мене најстрашно од се е што власта сее СТРАВ мегу населението со БРУТАЛНА пресметка со сите што не мислат како неа.(примери колку сакаш, уште го сонувам Бошковски, нокна мора ми е)Оттука, сите грагани, политичари а особено новинари кои отворено ја критикуваат власта, за мене се ХЕРОИ. Се плашам дека херои има се помалку. Дај боже да грешам. |
| Kole, 08.10.2011 10:16:09 | Pocituvana pratenicke, sosem se soglasuvam so vasite stavovi, a na nekoj nacin gi razbiram i onie koi vzesteno ja branat drugata vistina. Za nasa nesreka sosem se irelevantni site ovie analizi, ukazuvanja i sl.koga rabotata e prilicno ednostavna..Vaka-Noriega, Pinoce, Milosevic, iako mangi i kopilinja, edno vreme bea very good guys se razbira za ONOJ sto gi odreduva kriteriumite, se znae koj! Koga zavrsija rabota-vo gjubre!! E pa i ovie nasi neranimajkovci sega nesto treba da isporacaat a potoa-will see...Moja omilena?-Bidi dovolno trpeliv i ke gi vidis trupovite na tvoite neprijateli kako gi nosi rekata(kineska)... |
| Predrag Terzioski, 08.10.2011 10:16:39 | Najgolema lekcija vo zivotot e od nisto da ne se plasis. - Frenk Sinatra |
| ФЕЛИКС, 08.10.2011 12:36:52 | Кога нештата не чинат во сопствениот двор изместена реакција е секогаш да е виновен соседот.Иако сметот не се чисти,оградата рѓосана не се фарба,искршени ќерамиди па тече вода внатре кога врне,испукана фасада,внатре со децении не е офарбана дрвенаријата,неофарбани зидови и т.н Едноставно ругло од дом а соседот виновен.Така и перцепира г-ѓа Шеќеренска кога партиската неспособност да го анимира електоратот и доживува 5 порази по ред,им е виновен победникот оти види мајката застрашувал.Прво дома корениа реформа односно генерално чистење па потоа да се види кој е кој.Тоа ви сугерираат некои партиски колеги. |
| Istocna Makedonija, 08.10.2011 13:03:28 | Gospogo Sekerinska,mnogu poenti vo kolumnata Vi se pogodeni.No,dajte obidete se da go objasni
te fenomenot na nasava politicka fela,zosto:Poli
ticki subjekt na vlast,vo globala egal na evidentna
ignorancija na osnovnite egzistencijalni problemi
i potrebi na obicniot graganin-votant i narodot-
elektorat i ,,griza,,prioritetno,za partiskite svoi
vojnici,a vo opozicija egal na silen,eksploziven,
beskompromisen,borec,fajter za pristoen covec
ki zivot,,,griza,,za demokratija,megunarodno eta
bliranje...Ili se e demagogija,populizam,VLAST! |
| До респект, 08.10.2011 14:11:52 | Како само убаво го опиша USA! |
| bhc, 08.10.2011 17:05:42 | Gospoga Sekerinska,ednas rekov vo eden moj poranesen komenter i sega pak ke recam...ZAL MI E STO NE STE PREMIER.
Hrabrost e da se sovlada stravot,a Vie toa go napravivte. |
| Трпе, 08.10.2011 17:14:54 | Народ држен под присила и страв од власта,исто е како бомба на која не и е извлечен осигурувачот. |
| Bitolcanec za Makedonija, 08.10.2011 17:24:15 | E Rado, Rado
Zivotot ne se isprava so citati. Citatite se kako svekichkite na rodendenskata torta. Ubavi se za gledanje, no ne go odreduvaat vkusot na tortata.
Ne se Rado krivi ovie sho se sega na vlast i go pravat toa shto go pravat. Vie Rado, vie ste krivi i toa poveke od 100%. Ke ti kazam zoshto. Ja realiziravte najkriminalnata, najnechesnata, i najsurovata privatizacija i ja zgazivte chesta na narodot. Ostavivte stotici iljadi ljugje na ulica. Im go zedovte na lugjeto toa shto e najsveto za chovekot, dostoinstvoto. I da nedolzam poveke, od koga na narodot mu dojdoa ne preku glava, tuku preku sedum glavi bivshite VMRO-vci, i dojde momentot na NA 15 SEPTEMVRI, ja zedovte povtorno vlasta, i povtorno go zaboravivte narodot i so nego duri i se majtapevte.
Vo Bitola ima mnogu ljugje od latinsko poteklo, gi ima mnogu od niv i vo tvojata partija, vprochem mnogu poveke vo tvojata od kolku vo drugata. Edna nivna pogovorka veli, GO ZAGUBIVME PATOT VO DVOROT. Ciao Rado. |
| petre, 08.10.2011 18:02:53 | Radmila ubav tekst za nekoja druga prilika. Ovie denovi sakav da slusnam citati od Kuzman Josifovski Pitu, od Straso Pinzur, od Mirce Acev, Cvetan Dimo... Ibe Palikuka, Graganite na makedonija sakaa da procitaat nesto za nivnite biografii, za nivnite herojski dela. Pa radmila ovi denovi se denovi za seavawe i pocit kon najgolemiot makedonski praznik !! Oktomvri koga Makedonija trgna i pobedi i sozdade sopstvena drzava. Toa e fakt, a ne Ace na plostad...... |
| посматрач, 08.10.2011 18:41:25 | Текстов е исповест на еден уплашен член на СДСМ и на атмосферата на страв која владее таму и за која зборува Владо Бучковски кој нешто сенадева дека таа партија може дасе демократизира.
Не е случајно скриеното споменување на лицето Bucoњski Charles. Радо, па немој така за B.C. |
| Bokser, 08.10.2011 22:57:12 | Pocituvana gospodjo Sekirinska, ovoj narod e veren sluga na sekoja vlast, svoevremeno i na vasata, poistovetuvajci ja vlasta so drzavata, pa zatoa mu treba mnogu vreme da stekne uvid i hrabrost za da odluci drukcie. Mozebi zvuci kako onaa drazinata nije vreme, ama navistina mislam deka ne e vreme, sto se pokaza i na predvremenite izbori. Vremeto i (ne)rabotenjeto na VMRO ce si go storat svoeto. Samo trpenie i ne forsirajte mnogu. Vistinskiot udar ce usledi vo pravo vreme i na pravo mesto, i se razbira od vistinskiot bokser - narodot. |
| Kontrabanda, 08.10.2011 23:08:45 | Koga malite lugje imaat dolga senka ....!!! Raca mislis na niskite neli !!!! Oti mali lugje se i decata !!! Jaka misla ama ne si ja sfatila sustinata !!! Koga ke go stavis malite lugje pod navodnici ke vidis mnogu takvi na site strani a za zal i okolu tebe !! A Ti za sreka ne si ,ama koj so banditi se druzi takov i ke stane !! Ajde Raco olabavi malku,barem Tebe ne Ti e do honorar, a ako pisanijata te ,,zadovoluvaat,, pisi malku i sa one strane Morave !!! |
| Кристина, 08.10.2011 23:41:08 | Секој поминат ден со нивно владеење е гарант за нивен подлабок пад.
Додека нивните полтрончиња од ден на ден се се’ поизгубени, социјалдемократите се само пожустри. Преку глава им е од се’, па што сака нека биде.
Оние 370 000 кои гласаа за СДСМ веќе не се плашат. Гајле им е за нивните закани, за нивното заплашување.
Се’ можат, ама душата на овие луѓе не можат да им ја земат.
|
| Dime, 09.10.2011 00:12:17 | Bravo,Radmila.Pozdrav od Struga. |
| Марко, 09.10.2011 01:29:38 | Браво Раткице!!!Секоја ти е на место. Респект
|
| Eli, 09.10.2011 06:40:50 | Bravo, Radmila, sekoja cest! |
| Бојан, 09.10.2011 07:45:35 | Интересна и сосема точна анализа, која за наша жалост апсолутно може да се примени во рамките на вашата партија, која индиректно сугерирате дека ќе не извлече од калта.
Ова е парадокс од кој македонското болно општество уште долго ќе треба да се справува со синдромот симни се Курто да се качи Мурто.
|
| goran, 09.10.2011 12:14:03 | iskreno, zbunuvacki tekst rado. a bese li poinaku vo vremeto na sdsm? ili vo vremeto koga branko bese na vlast i premier so 29 godini? ili pak gi opisuvas segasnite sostojbi vo sdsm? ajde kazi barem edna licnost koja gi ima site ili priblizno site kvaliteti vo sdsm za da povlece napred za da glasame za vas? jas ne sum uplasen i nemam strav nikomu da se sprotivstavam rado, tuku uzivam vo ova vreme sega koga mozam na branko crvenkovski da mu se revansiram so toa sto nikogas poveke nema da glasam za nego i sdsm a ke glasam pod difolt za VMRO. nema logika? ima, i mnogu luge go pravat tokmu toa. i site filozofi i intelektualci od cel svet da se soberat vo makedonija, nema da postignat nikakov rezultat nikogas. zosto? ne e do rezimot i fasistickata vlast ili totalitarizmot rado, do odmazdata i revansizmot od narodot za branko crvenkovski se raboti rado. da,da, tuka lezi zajakot. a toj sto ke go isprati vo istorijata i oficijalno (veke ima viza od narodot za toa) zasluzuva da dobie podrska. |
| do jovan, 09.10.2011 16:18:02 | ako mislis deka narodot taka sakal da ja imame ovaa vlast razmisli malku za prostata matematika nad 100 iljadi administracija pomnozeno po 15 glasovi ke ti stane jasno kolkav e stravot vo drzavava i kolku navistina ovoj narod ja saka vlasta |
| maja, 09.10.2011 17:50:39 | ...So lazna nadez deka nekoj drug ke gi skrsi prangite na nasata nesloboda... se dodeka narodot misli taka ke zivee vaka kako sto zivee...treba da se nadmiine stravot i da se pokaze resitelnosta... |
| edno dete, 10.10.2011 00:53:31 | edna od najdobrite kolumni sto ja imam nekogas procitano draga avtorke ... zasluzuvas najgolema pocest ... sekoja cest ... vistinska slika za makedonija denesna |
| патем, 10.10.2011 21:59:49 | МОРНИЧАВО!
Отворам прозор, го гледам времето на Енвер Оџа и одма затворам затоа што некој може да ме наклевети дека премногу сум гледал убавина!
Дека слушам премногу убави нешта како со едно click на компјутер и сите здравствени и образовни проблеми се решени...
НАВИСТИНА МОРНИЧАВО...
Ова не е SF наречен BACK IN THE FUTURE тку BACK IN THE PAST, DEEP IN THE PAST :-)... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Облачно
|
Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|