Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
07.10.2011, 17:52

Мислења

Политичките дискредитации и нивната основаност

Ѓорѓи Спасов

Нападот врз кредибилитетот на критичарот не носи секогаш поени

Во политичкиот говор кај нас најчесто по три основи се дискредитира мислењето на оној што ја критикува власта или опозицијата. Првото е: зашто ништо не направил додека бил на власт или зошто додека бил на власт и тогаш не се залагал за демократија во партијата или во општеството како сега.

Второто: критичарот е стар, транзициски односно истрошен политичар (независно од неговата возраст) и како таков нема право да критикува. Трето: неговите намери на се чисти. Притоа се изразува сомнение или тврдење дека целта или мотивот на неговата критика не е подобрување на состојбата во партијата или општетсвото, туку, веројатно, неговата лична желба за враќање на власт или пак затоа што поминал на страната на непријателите кои го имаат уценето или му ветиле некоја награда, што го прави предавник. Кога партиите се бранат од критика во 90 проценти од нивните соопштенија се содржани овие аргументи.

Овој вид критика во политичката пропаганда се нарекува ад хоминем - напад врз кредибилитетот (веродостојноста) на критичарот. Кога некој во расправата изнесува аргументи против вас а вие немате противаргументи, односно не можете да докажете дека тоа не е така, пристапувате кон дискредитирање на противникот, односно омловажување на валидноста на аргументите со тоа што ќе го обвините тој што ги изнесува дека е „познат лажго“ на кого не треба да му се верува или дека има „скриени мотиви“ кои го тераат да ја искривува вистината и лажно да сведочи. Особено, во судските процеси (по телевизиите) сме се изнагледале каков вид одбрани. Судот треба да се убеди дека клучниот сведок на обвинението или на одбраната лаже зради свои посебни причини. Во политиката во тоа треба да се убеди судот на јавноста.

Големиот филозоф Кант овој вид дискредитација ја нарекувал „дискредитација според пиљарската логика“. Тој го наведува примерот на продавач кој продава веќе расипани домати на пазарот. Но кога некој ќе му каже дека доматите се омекнати и не чинат толку колку што ги цени, тој не дава аргументи во прилог на доматите туку на критичарот му вели дека „според вашиот црвен нос вие веројатно сте пијани и не можете здраво да расудувате“. Така пиљарот ја менува темата на расправата од квалитетот на доматите кон „квалификуваноста на соговорникот да дава релевантно мислење за доматите“. И тука расправата завршува.

Оттука, оваа алатка на пропагандата се користи истовремено за игнорирање на критиката, како нерелевантна, но и за замолчување на критичарите преку нивната јавна дискредитација и „разобличување“. Прашањето е ако тоа им помага на политичарите за релативизирање на критиката на нивна сметка, колку тоа му помага на општеството да успее во својот демократски и економски развој.

Иако секој поединечен случај на јавна критика на власта и партијата е различен, а секако постојат и „лажни сведоци“ споментите аргументи за дискредитација на критичарите може да се докажува дека се најчесто невалидни.

Прво, аргументот според кој „оној што бил претходно на власт нема право да критикува откако ја изгубил бидејќи ако знаел подобро немало да ја изгуби власта“. Или зошто не му недостигала демократија (во власта или во партијата) додека тој бил на власт или во раководството, а сега му недостига?

Според оваа логика, тој што ќе ја изгуби власта треба да исчезне од политичката сцена. Луѓето според оваа логика немаат можност и право да созреваат да се менуваат и ако еднаш во животот биле комунисти, или подржувале фашистички режим, тие такви мора да останат до крајот на животот без оглед на промените што настанале. Ваквиот аргумент ја доведува во прашања клучната одредница на развојот - а тоа е правото на еволуција, созревање, менување и учење од сопствените и од туѓите грешки. Според таа логика ако Киро Глигоров и Милан Кучан биле добри комунисти ним не смеееше да им се дозволи да бидат претседатели на некомунистички држави или ако Никола Груевски бил добар министер во владата на Љупчо Георгиевски тој нема право да докажува дека може да води политика различна од Георгиеевски.

Во однос на аргументот дека „станува збор за стари, транзициски и истрошени политичари“ се поставува прашањето со што се заслужува таквата квалификација. Дали е доволно да си бил политичар во периодот наречен транзиција (која кај нас се оценува како неуспешен период од развојот) или треба да си дал и свој личен придонес во „неуспешноста“. Ако е според годините на стажот секој што во периодот од денот на независноста на Македонија до денес се занимавал со политика или политичко новинарство е еден вид транзициски ��олитичар или новинар. А ако е тоа квалификација за неуспешност во овој период таа по своја волја и во зависност од политичката ориентација може да му се залепи на секого по свој избор. Некои како транзициски ќе ги означат Киро Глигоров и Стојан Андов, други Михајло Маневски и Никола Груевски, бидејќи тоа „за стар и потрошен“ никој не издава уверение во земјата. Тоа е дисквалификација за да се намали важноста на критиката што доаѓа од таквите. Јавно омаловажување, во смисла на „прочитана книга“ од страна на оние кои сепак не се сигурни дека таквата критика нема да има сериозно влијание.

И на крајот. Обвинувањата за нечесните мотиви на критичарите. Најчестиот мотив е дека тие тоа го прават само за да се вратат повторно на власт. Или би се здружиле и со непријателот само да ја освојат власта која ние веќе ја имаме. Со тоа треба да се доведе во прашање добронамерноста на критичарот и да се поттикнат размислувањета за неговите скриени мотиви. А тие скриени мотиви се или дека некој го уценил па така мора да зборува или дека некој го платил односно корумпирал (нечиј платеник) или не му е гајле за народот и државата туку само сака да се дограби до власта која најверојатно ќе ја злоупотребува.

Кога со овој аргумет беше обвинуван Жељу Желев во Бугарија од страна на социјалистите и секој ден го плашеа народот дека неговата единствена желба е да ја освои власта, тој им одговори со прашање кое гласеше: „А вие другари да не се борите случајно за купот на Црвената армија“. И јавната расправа беше завршена.

Политичките партии се формираат за да се освои власт а внатрепартиските битки се дел од борбата за власт, бидејќи само со инструментите на власта можат радикално да се менуваат состојбите. Но, тоа не значи дека таа борба мора да се води со најбескрупулозни лаги и подметнувања, кои кај нас сите партии ги прават исти, а луѓето ги одбиваат од политиката.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 1407 пати.

Испрати коментар



Попишувањето да не не¦ отпише
Избери го својот цитат
Кампањска дипломатија
Железнички монопол



jovan, 08.10.2011 00:49:58
Eve mojot komentar ke bide tokmu takov.Ovoj vid na kritikuvanje(napad) ovde se prakticira veke 20 godini(a i vo SFRJ bese hit),a sega ovie od VMRO samo kopiraat.Nisto novo ne vovele.Ova e skola tipicna za SDSM.Toa e fakt,za zal.E sega,ima i malku po demokratskokritikuvanje koe se sveduva vo stilot Nisto licno, ova e biznis, a koe vsusnost i te kako e licno. No lagata denes stanuva umetnost,a onoj koj ke uspee da izlaze i prelaze sto pogolem broj luge e vistinski umetnik vo svojata profesija.Ne go svakaj ova licno, ova e cisto biznis. Ne mesaj rabota i privaten zivot. Se se ova lagi za da mozes nekogo sto polesno da go diskreditiras, pa i unistis,pod izgovor deka taka treba.Toa e rabota,a privaten zivot e nesto drugo. A vsusnost se e povrzano.
Meto, 08.10.2011 08:50:50
Ne mozam da se slozam so situacija koja vo javnosta najglasni se bezveznjaci koi ne vlecat nazad. Nikoj ne im go dal toa pravo da go unistuvaat zivotniot pat na celi generacii samo poradi faktot sto vo izvesen period narodot gi izglasal. Sto ako gi izglasal - treba da si igraat so negovata sudbina? I sega koga ne se na vlast - povtorno da ni prodavaat filozofija koja ne unazaduva? Svetot so ogromni cekori odi napred a tie bezveznjaci uporno ne mozat da svatat deka problemot e vo nivniot mentalen sklop i filozofija na ziveenje. Od avion se gleda nivna zloba, bezidejnost, nesposobnost i ako sakate i losi pobudi. I sega jas kako covek koj saka da odi napred vo zivotot se cuvstvuvam zagrozen od niv. I sekogas i na sekoe mesto ke gi kritikuvam a ostrinata na mojata kritika ke zavisi od intenzitetot na nivnoto glupiranje. Pozdrav
ФЕЛИКС, 08.10.2011 12:46:10
Она под второ и трето вие ептен прецизно но ако го изговори или напише некој друг.Тој истрошен транзиционен политичар кој одсекогаш имал нечисти намери кон секого кој се осмели да му опонира,тоа одамна го знаеме. Додека вие дури сега осознавте кога истиот тој ве маргинализира а вашите колеги секогаш само нив ги обвинуваше за изборните порази. Сега пак ви прави замајувања да сте преку потребни како стари и искусни кадри да ја консолидирате партијата кој тој ја урниса темелно.Колку ќе успее во тоа зависи од вас и колку сте спремни и моќни да работите ги средите внатрепартиски но без него.
Istocna Makedonija, 08.10.2011 13:10:48
Nekoja idna promena na vlast ke znaci nova etike tacija,kritika,stavanje na stolbot na sramot,otstre luvanje i egzekutacija na noviot VINOVNIK za site nasi,Tantalovi tranzicioni maki,turbolencii,Scili i Haridbi i detekcija na nova meta!Ljubco Georgiev ski,kako vinovnik za seto ova,no o i kako iritator uste i na(vo sega i metafora)Punskite vojni,100 godisnata voja,Prvata,Vtorata svetska voja i site dosegasni konfrontacii vo moderniot svet,,,norma lno,,i na konfliktot 2001,ke dobie alternacija!Se znae,KOJ!
devicanecot, 08.10.2011 15:31:36
onoj sto kritikuva e kriticar..i po silata na nestata bi trebalo da se tolkuva deka celta mu e podobruvanje na sostojbata. A ovoj Gensek, minister, ambasador...kojsto bil na vlast, a nisto, ama bas nisto ne napravil...ete sega drzi lekcii! Tesko na tie sto gi uchi!!!
Трпе, 08.10.2011 17:25:11
Е,професоре,професоре до кое дереџе паднавте.Зајакот да се подсмева на магарето,колкави големи уши имало..И вие започнавте со пиларските муабети.
petre, 08.10.2011 17:45:42
gospodine Spasov, edno pisuvas dtugo pravis, treto razmisluvas. S sveduva sakas sekogas da bides na vrvot, daj sansa i za drugi vredni,inventivni i umni luge da pokazat sto znaat. Podrzi gi so tvoeto iskustvo. Na krajot ti go cestimam najgolemiot praznik na makedonskiot narod 11 oktovri, datumot koga pred 70 godini pod rakovodstvoto na komunistickata partija na Makedonija trgnavme vo najgolemite pobedi i sozdadovme sopstvena drzava. Znam deka i ti go imas podzaboraveno ovoj najsvetol datum, za vlasta da ne pravime muabet i za tvoite simpaticni istoricari Ackoska i ceprganov. Zasramete se site....
gragjanin, 08.10.2011 17:46:34
Da, tochna konstatacijata deka kaj nas se vospostavi логика, тој што ќе ја изгуби власта треба да исчезне од политичката сцена. A, najpochituvaniot analitichar vo Germanija koj e chest gostin na tv e 92-godishniot Helmut Shmit, poraneshen kancelar (1974-1982). Vprochem i samite mozheme da se uverime, ako gledame stranski vesti, deka vo sekoja poseriozna debatna emisija uchestvuva poraneshen minister ili premier koj ja izgubil vlasta od nekoja neprijatna prichina.
Dime, 09.10.2011 00:18:22
Kako ne vi e sram,Branko covek ve napravi.Pozdrav od Struga.
одличен текст, 09.10.2011 16:27:29
Поздрав до авторот одличен текст. Верувам дека проврмовските овчички ќе се пронајдат во текстов на повеќе места
laki, 10.10.2011 15:49:15
Profesore mas ne ni e jasno do koga ke cekame prtijata da prodane pa nemoze vo centar da ne vodi eden kumanovec dve ulici neznae odat lokalni a nas ne nema daj organizirajte nesto ne ja biva ovaa gradinka

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Облачно

Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |