Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Серена ја намачи и ја докрајчи Венус

Во сестринското четврт-финале, Серена Вилјамс во епска битка по два тај-брејка ја надигра постарата Венус

Во морето на маратонски мечеви на десетиот ден на УС Опен, исклучок не направија ниту сестрите Вилијамс. Сестринското четврт-финале ја промовираше последната полуфиналистка, а победа на домашниот гренд-слем ќе се обиде да оствари Серена Вилијамс. Помладата сестра Вилијамс, по мечот кој по квалитет и траење беше рамо до рамо со машките мечеви, успеа да дојде до победа против Венус. Мечот извонредно го отвори Венус, која веќе во третиот гем направи брејк и при водство од 5:4, сервираше за сет. Но, Серена успеа да се извлече, израмни на 5:5, и сетот беше решен во тај-брејк, во кој Серена успеа да надокнади 4:6 и на крајот да слави со 8:6.

И вториот сет беше решен како и првиот, во 13. игра. Серена, 4. носител на турнирот, се соочи со негатива од 2:5 и речиси во невозможна мисија, во тај-брејк излезе како победничка. Но, ништо не беше невозможно за помладата сестра Вилијамс, кој по многу пропуштени можности на Венус, успеа да стигне до прифатливи 4:6, а потоа да направи целосен пресврт и да слави со конечен резултат од 9:7.

„Се чувстував како да е финале на УС, беше толку тешко. Не можам да поверувам дека победив“, изјави Серена веднаш по мечот. Во полуфиналето ја очекува Русинката Динара Сафина, која во четврт-финалето беше подобра од Италијанката Флавија Пенета, совладувајќи ја со 2:0 во сетови, 6:2 и 6:3. Инаку, Серена Вилијамс и Динара Сафина досега играле четири пати меѓу себе, а Серена води со 3:1. Во второто полуфинале на женскиот дел од турнирот ќе се сретнат Србинката Јелена Јанковиќ и Русинката Дементиева.

 


Статијата е прочитана 123 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Кој ќе преживее во скопскиот пекол?
Барли не е загрижен, и покрај новите повредени играчи
Слободните не' ослободија од победата во Рига
„Металурзите“ во Измир по виза за Лигата на шампионите
Кралски играчки, од соколи до фудбал
Надал и Мареј први полуфиналисти

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.