Барли не е загрижен, и покрај новите повредени играчи
Шкотскиот селектор мака мачи со повредите на Томпсон, на Дејвидсон и на Мекнотон
Џорџ Барли не покажува знаци на загриженост и покрај долгата листа повредени. Најнови на таа листа се Кевин Томпсон од Ренџерс, Калум Дејвидсон од Престон и одбранбениот играч од Кардиф Сити, Кевин Мекнотон. Тие им се приклучија на Дејвид Вир од Ренџерс, Дејвид Маршал голманот од Норвич Сити, Гери О’Конор од Бирмингем Сити и Бери Фергусон и Алан Хатон, двајцата влечат повреди подолго време. За да го одржи потребниот број фудбалери, Барли го повика играчот од средниот ред на Хартс, Мајкл Стјуарт и Кирк Бродфут од Ренџерс.
Загубата на Хатон, Вир, Дејвидсон и Мекнотон не ја лиши Шкотска од последната четворка, Барли може и најверјатно ќе го направи тоа, во првите 11-мина ќе ја стави четворката Греам Александер, Гери Калдвел, Стивен Мекманус и Гери Нејсмит, но тоа значи дека ресурсите во тој дел се опасно искористени.
Ангажирањето на Бродфут зборува само за себе. Фер е да се каже дека тоа што му недостасуваат финеси го балансира со бестрашната борбеност. Меѓутоа, Бродфут исто така покажува дека внел финеси во својата игра кои не беа видливи пред една година, како што Барли нагласи кога му упати комплимент кој, во други околности, би бил протолкуван само како слаба пофалба. „Прекрасно е да се види некој, за кој сте посочувале дека можеби има ограничени вештини, дека навистина напорно работел на својата игра и напредувал, и го задржа своето место во Европа“, рече Барли. „Кирк е играч кај кој се забележува напредок. Трансферот од Сент Мирен во Ренџерс беше голем тест за него. Тој во текот на целата мината сезона беше постојан член во Ренџерс и даде свој придонес во натпреварите на европска сцена, а во неделата видов колку многу напредувал како играч од последната одбранбена линија. Бев на Олд фирм дербито и мислам дека тој беше извонреден против Ејдан Мекгеди, кој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Британија. „Тој е одлучен играч и потребни ни се ваков тип луѓе кога играме надвор, особено во квалификациите за СП, па затоа не се двоумев да го доведам во екипата. Со откажувањето на Дејвид Вир, Кирк ни дава многустраност“.
Бродфут призна дека дека сметал дека е жртва на шегата на Али Меккојст кога заменикот во Ренџерс му се јавил за да му каже дека дека го сакаат во своите редови. „Колку повеќе зборуваше толку повеќе сфаќав дека е сериозен. Не можев да верувам“, изјави тој. „Планирав да поминам неколку денови со сопругата и бев во фаза на планирање на патување за Марбела кога се случи повикот. Кога конечно сфатив што ми се случи бев возбуден“.
И покрај константниот бран повлекувања, Барли обелодени дека нема да има промена во тактиката за утрешниот натпревар со Македонија во првото коло од квалификациите за СП. „Нашата тактика ќе биде иста, без разлика кој ќе истрча на теренот. Некои клучни играчи не ќе можат да настапат, но нашиот стил на игра нема да биде променет. Ние точно знаеме како ќе игра Македонија. Тие имаат стил на игра кој го негуваат веќе три години и многу добро се уиграни“.
Според последното рангирање на ФИФА, Шкотска беше на 16. место веднаш зад Англија, но иако помошникот на Барли - поранешниот капитен на Англија, Тери Бучер - беше задеван за близината на Шкотска со неговата татковина, тој потсети и предупреди на натпреварите што Македонија ги одигра со Англија. „Мислам дека македонскиот тим е подобар отколку кога играше против Англија пред неколку години“, рече Бучер. „Системот што тие го играат е добро уигран и нивните играчи знаат што прават, а со тоа доаѓа и самодовербата. Македонија минатата година ја порази Хрватска, па ќе бидат доста самоуверени. Тоа ќе биде тешка задача за нас, но овој тим е фокусиран“. (Дејли телеграф) |