Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Петмина нови сведоци денеска ќе зборуваат за „Пајажина“

В понеделник се очекува последната група сведоци предложени од Обвинителството

Љубиша Станковиќ


Во Истражниот оддел за борба против организираниот криминал и корупција денеска продолжува распитот на сведоци за случајот „Пајажина“. Во својство на сведоци пред истражниот судија, а по предлог на јавниот обвинител, ќе се најдат петмина вработени во фирмите на „Перо Наков“.

Веќе в понеделник се очекува распит на последните сведоци, кои доаѓаат по пределот на тужителот, а истражната постапка ќе финишира со изработката на вештиот наод и мислење за материјално-финансиското работење на многубројните фирми од „Перо Наков“, за кои УЈП и Финансиската полиција кажаа дека станува збор за даночно затајување од неколку милиони евра.

Како што е познато, во минатиот петок Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое на сите 14-мина притворени им го продолжи притворот за нови 30 дена, а мерката притвор останува во сила и за оние шестмина осомничени што засега се водат за недостапни, меѓу кои и синот на Велија Рамковски.

Незадоволни од ваквата одлука, бранителите на притворените најавија дека ќе ја обжалат одлуката на Кривичниот суд, барајќи Апелациониот суд да го укине притворот, односно на осомничените да им биде одреден куќен притвор.

Сепак, тешко е да се поверува дека Апелација ќе донесе решение што ќе се коси со одлуката на Кривичниот совет на скопска „единица“, бидејќи Јавното обвинителство и натаму смета дека постои опасност притворените да побегнат, да влијаат врз сведоците или дека ќе го повторат делото. Во прилог на ова говори и фактот дека истрагата се' уште не е завршена и дека од запечатена просторија на „Перо Наков“, исчезнаа 500 класери полни со документи, кои требало да се користат во кривичната постапка против осомничените.


#
Статијата е прочитана 1576 пати.

Испрати коментар

Од: Lojalen graganin
Датум: 25.01.2011 15:21:10
Javnosta treba da se vozdrzi od predvremeni, pausalni i licni (po osnov za koi samo poedincite znaat) komentari, a za SITE CESNI gragani e vo interes rasvetluvanje na slucajot, doveduvanje na graganite vo ravnopraven status vo odnos na graganskite dolznosti so koi i se gradi ZDRAVA DRZAVA, koja "site" ja posakuvame i bez da "profitirame".
Од: penzioner
Датум: 25.01.2011 21:40:31
mozda Ramkovski e kriv,mozda zatajuval,mozda otvoreno kradel,mozda ce go proglasat za vinoven.No,edno znam,kade bese vlasta sive ovie godini.Kade bese grujo koga so ramkovski seslikase.Kade bese koga A1 go promovirase.Grujo bese so nego.Ima edna narodna:So kogo si takov si.Znaci Grujo e soucesnik ,toj mu ovozmozil taka da pravi.Nedovetniot od UJP ,trebalo da pominat nekolku godini za da se ispita.Kogo toj notoren lazgo go mami.Seta galama okolu pajazina e golema farsa na vlasta.Pocnuvajki od pritvaranjeto pa se do kradenjeto na vazni dokazi.Mizi da te lazam.Vlasta go napravi ramkovski heroj.istot go velam i jas.Ramkovski-Makedonski-Nelson Mendela
Од: lazeski
Датум: 25.01.2011 23:05:54
Pajazinata na ZIMEKS i KONARTIS firmi na Goce Zelenkovski,koj e vo Begstvo dali MVR ke ja rastrga ili se uste ke gi stitat i zamizuvaat. Dali ke raspisat Poternica ili Poternicata ja cuvaat vo Fioka?Kriminalot na Zelenkovski e nad 10 milioni evra.
Од: bezanec
Датум: 25.01.2011 23:13:52
Власта за да го одвлече вниманието на граганите од неуспешната економија и банкротот на државата а во А1 виде неприкосновен борец за човекови права,бидејки дпмне прдеше во иста тиква со А1,ги знаеше сите злоупотреби на дпмне,со чија помош дпмне 2006 година дојде на власт,реши да ги стави во затвор првите луѓе на А1 во затвор.Едно прашање останува да лебди во воздухот кој ќе ги плати трошоците по тоа,бидејки такви импресивни апсења имаше и досега но нескавно завршија за дпмне?

Најди! во Утрински
Политика
Во лаптопот имало и службени документи?
Теута ја сврти плочата
А1 ќе тропа на сите врати
Судијата да пресуди зошто кравата давала помалку млеко
Место плата, за лекарите казна по учинок