|
|
|
|
|
|
А1 ќе тропа на сите врати
Од куќа во куќа, од стан во стан, во секое парче од земјава ќе чукнат преставниците на ТВ А1 и од домаќините ќе бараат потпис, со кој ќе и' дадат поддршка на телевизијата, во овие, како што велат од медиумот, „тешки времиња“. Одговорните во А1 очекуваат акцијата да трае најмалку триесет дена и се надеваат дека ќе добијат „респектабилна бројка потписи“.
„Колку точно - немаме прецизирано, но очекуваме респектабилна бројка што декларативно ќе ја одрази поддршката на населението за А1, но и за слободата на изразување, односно слободата на медиумите, за кои сметаме дека се нарушени“, вели главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски.
Што ќе прават со потписите, се' уште не откриваат. Чадиковски вели дека тоа ќе го објаснат во наредните денови. „Но, една респектабилна бројка би го одразила јавното мислење“, смета тој. Изминативе денови, на телевизијата на притворениот Велија Рамковски, се вртат спотови во кои се пуштаат инсерти од акцијата „Пајажина“, проследени со драматични зборови: „напад“, „упад“, „грабеж“, „обезглавување“, „линч“, кој завршува со апел до граѓаните за помош. (Г.А.) |
#
|
Статијата е прочитана 951 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: mica |
Датум: 25.01.2011 12:46:09 |
|
bi trebala kampanjata da glasi "jas nesum a1 - plakam danok",ne mi e jasno kako ne gi e sram,znaele za kriminalot 15 godini i si kutele i sega se pravat cesni sestri. |
|
|
|
|
|
|
Од: Тето |
Датум: 25.01.2011 13:22:07 |
|
Ова веќе ја прелеа чашата. Не се бира ни средство, ни време, ни место. Зарем мислат дека проблемот на А1 е државен проблем, национално прашање, топ приоритет. Луѓе остана на улица без ниту трунка надеж, за А1 ли ќе му ја мислат. Го отрувте народов. Ама вашево сценарио е одамна прочитано и не пали веќе. Да не им се турскиве серии никој нема да ги гледа, освен врвните експерти што ги канат во информативната емисија, луѓе што не знаат да состават просто проширена реченица, а се експерти. Срамота. Патетика невидена. |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 25.01.2011 13:23:55 |
|
На сите нам добро ни е познато зошто А1 не си чука прво на својата врата.
Оти ако таа се отвори, се на смоки и пуканки ќе замириса. |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandar Makedonski |
Датум: 25.01.2011 14:15:33 |
|
Сите кои не плаќаат данок на државата и со години ја крадат, местото им е во затвор! Како не се страмат да доаѓат и тропаат по нашите врати барајки заштита за криминалци? Државата треба да биде доследна и најостро да ги казни за пример како би знаеле што ги чека, сите кои ќе помислат со манипулации и лаги да бранат крадци! |
|
|
|
|
|
|
Од: Petko |
Датум: 25.01.2011 14:18:50 |
|
Celosn ja podrzuvam A1 televizija i smetam deka i drugite mediumi da izrazat podrska zatoa sto i niv moze da im se sluci istoto. Vie gospoda novinari od "Utrinski Vesnik " , podrzete gi kolegite vasi od A1 televizija bidejci tie se edni od najobjektivnite izvestuvaci . |
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 25.01.2011 14:39:14 |
|
Nemam nisto protiv televizijata, si ima dobra programa, dobri urednici,si ja vrsat rabotata. Jas imam mnogu protiv sopstvenikot i negovite potezi, negovoto zatajuvanje danok, negovite kriminalni dela. A so toa toj samiot si ja dovede televizijata do tie teski vreminja kako sto gi narekuvaat. I ako prodolzat i natamu so takvite spotovii so upadi ,lincovi i slicno veruvam deka nema da dobijat poddrska od mnogu lugje. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 25.01.2011 14:47:57 |
|
Не дека А1 и Велија се цвеќе за мирисање.Ама се нешто подобри од СИТЕЛ.канал5 ,МТВ.Иако А1 работат на принципот слушај ме што говорам а не гледај ме што работам.Но сепак добиваме објективни информаци.Ако останеме на претходно набројаните тв медиуми ке бидеме ем во тунел ем слепи. |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 25.01.2011 14:56:08 |
|
Ajde ke ve molam preskocete ja mojata vrata , nema potreba da tropate , a mozebi ke treba da si dobiete dozvola pa da tropate na site vrati. |
|
|
|
|
|
|
Од: nezavisen |
Датум: 25.01.2011 15:05:53 |
|
На мојата врата да не ни помислете да тропнете. На клоца ќе ве избркам. Вашиот газда е мултимилионер, додека моите немаат ни за месецот храна. Не сум политички определен, но едно искрено сакам да напишам. Секогаш, ама секогаш кога ќе напшам нешто што не ви се допаѓа никогаш не го објавувате на вашата А1 интернет страна. Вие сте едни бедни продадени антимакедонцки души.
Утрински вие сте најнезависниот весник. Алав ви вера. |
|
|
|
|
|
|
Од: Skopje |
Датум: 25.01.2011 15:09:28 |
|
Супер, дај боже да дојдат и кај мене да ми кажат како да не плаќам данок и сметки за струја и вода и никој 15 години да не ме чепка.Ќе ми кажат како да се задолжам кај сите роднини и пријатели, а потоа ќе се преименувам за да не ме најдат.Ќе ми кажат како се пријавуваат новинари како пакувачи на смоки и се пријавуваат на 8000 денари. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 25.01.2011 15:29:53 |
|
Pozdrav do akciijata na A1,toa e legitimno pravo.Bez nasilstvo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 25.01.2011 16:25:39 |
|
G-dine Sime,ete gledas komentatorite pred tebe (Mica,Teto,devicanecot,Aleksandar Makedonski) ne mislat kako tebe.(Kojznae dali voopsto i mislat)!!! Tie pod legitimno pravo,kako sto ti go narekuvas ,podrazbiraat nesto so nasilstvo,akcija,kako na film.
Tie duri se drznale da zboruvaat od imeto na site!! Pamet nevidena!!!
Kolu vi cini gospoda da vi platam,duri i preplatam,samo da ne mi ja solite taa Vasa pamet.
I nemoj slucajno da im ja otvorite vratata na pretstavnicite od A1 TV!! Toa nikako!!! Cak duri i izbutkajte gi od pred vrata,isplukajte gi ,izvregjajte gi!!! Za da znaat za drug pat kako se koristi legitimnoto pravo,za baranje podrzka!!!
Jas toa nema da go storam,ne za niv tuku za mene
i za mojata slobodna misla!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Марика |
Датум: 25.01.2011 17:23:27 |
|
Веќе не можам да расудам дали ова што го прави А1 е тргедија или комедија. Ќе оделе од врата на врата и ќе собирале потписи за подршка. Се прашувам за каква подршка ќе собираат потписи, дали за нелегалната работа, дали за неплатениот данок на А1 или пак затоа што Велија Рамковски “невин“ се наоѓа во притвор. |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 25.01.2011 18:23:27 |
|
Портокалова боранијо ! Подршката е за А1 телевизија , а не за Рамковски !!! Нашиот „Виктор Орбан“ сака да ја замолчи А! телевизија , зошто не му е по „мерак “ како Сител , канал 5 и МТВ !! П О Д Р Ш К А З А А К Ц И Ј А Т А О Д П Р И Л Е П ! ! ! ! ! ! |
|
|
|
|
|
|
Од: ace |
Датум: 25.01.2011 20:23:31 |
|
da im se glava rastropa samo neka dojdat kaj mene doma ke tropa nekoja palka po nivniot grb treba da se zasramat na so lici ovaa od gazda kriminalec napravija kako tie da se najpovredenite u makedonija bre videte koj cirkus go pravea koga im vlegoa na 25ti noemvri po firmite novinarite se butkaa vo policijata nikoj demek ne pustale vnatre a sto dusi gosti pominaa u emisijata na onoj borjan epa tie luge da ne letaa slucajno?
i so e gi stavil firmite site u a1 prosto i ednostavno za da moze utre da se vadi demek upad u A1 mu vrsat hahaha pateticen e onoj velija duri koga go apsea otisol u televizijata da kaze deka sam ke se predade pa ako sakal da se predade so ne e otisol prvo u policija tuku odi u a1 zza da pravi cirkus najnormalno pozz do utrinski |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 25.01.2011 20:54:01 |
|
Ako objektivnosta boli, pogoduduva sueti, kazuva vistini, otkriva, pomaga ( a ne se raboti za Ramkovski) tuku za televizijata , togas sum za A1. Site onie sto mislat sprotivno ziveat vo svet isplaseni od populizmot na eden mal covek so golemi ambicii, koj resil se da stavi pod svoja kapa. Ova go pisuvam od zemja koja duri i da gi zavrsi pregovorite so EU naskoro , soglasno referendumot vo zemjata i ratifikuvanjeto ma priemot, istoto ke se sluci vo 2014 (onaa nasata so spomenicite), pa razmislite, citajte, dajte im sansa za naucno istrazuvacka dejnost na lugjeto. Frapirana sum od sleposta na lugjeto koi pomno gi sledat drugite televizii, totalno ignorirajki ja A1-navistina edino objektivna-kakva e i nasata realnost. Zg. |
|
|
|
|
|
|
Од: Штипјанче |
Датум: 25.01.2011 22:24:57 |
|
Јас како што гледам А1 функционира како медиум и некој не го оспорува тоа ниту го забранува, па сега се прашувам какво сценарио се припрема со оваа акција во која пак ќе бидат злоупотребани новинарите на Рамковски. Дали сакаат со тоа да го прикријат криминалот на нивниот шеф или пак има нешто матно и во телевизијата па сакаат предвреме да се штитат со опозициските фанови кои преку А1 ја шират својата пропаганда. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojko |
Датум: 26.01.2011 06:12:35 |
|
Bi bilo fer na A1 da dadat precizna informacija za sto tocno bi dale svojot potpis i sto bi pravele tie ponatamu so toa. Ovaka, ne sum siguren kako bi postapil... |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 26.01.2011 09:28:04 |
|
До прилепскиот јас,оти нети затропаа на портите овие од А1 пред да го апсат смоки медиумскиот могул,да ти отпееја серенада колку е измалтретиран,,независниот,, медиум кој нели по сопствено признание го уредувал токму дотичниот. |
|
|
|
|
|
|
|
|