Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Судијата да пресуди зошто кравата давала помалку млеко

Судскиот совет вчера разгледуваше 254 претставки поднесени во текот на декември минатата година

Гордана Дувњак

Истражен судија од охридскиот суд му одредил притвор на сторител на полов напад врз малолетно лице за да не влијае врз сведоците. Судијата откако ги ислушал сведоците, одлучил да го пушти да се брани од слобода. Сторителот, пак, само што излегол надвор, го повторил истото дело и тоа врз истата жртва. Но, тоа не било доволно за судијата да ја поправи претходната грешка и да му изрече притвор. Решил само да му го одземе пасошот, но не заради продолжен полов напад, туку заради прикажување порнографски материјал. А, уште почудно е што негово лишување од слобода не побарал ни обвинителот.

Ова е само еден од случаите за кои граѓаните поднесуваат претставки до Судскиот совет. Во нив се бара одговорност поради наводна корупција, нестручно и несовесно работење на конкретен судија или на целиот совет што одлучувал. За наведениот случај, Советот го прифати предлогот на членот Крсте Сиваков, кој вчера побара да се обезбедат дополнителни информации и да се прибави предметот. На вчерашната седница,на која се разгледуваа 254 поднесени претставки во текот на декември минатата година, имаше и такви бизарни приговори на кои не можеа да не се насмеат ни членовите на Советот. Како на пример, на оној граѓанин кој тужи друг во кумановскиот суд, заради неисполнување на купопродажен договор. За кравата што му ја продал продавачот со ветување дека ќе дава 20 литри млеко, а таа давала многу помалку.

Членовите на Судскиот совет вчера зад затворени врати одлучија да поведат постапка за утврдување на одговорноста на истражниот судија Алјеса Алију и на претседателката на гостиварскиот суд,Ружа Томовска, затоа што изрекле домашен притвор за обвинет за убиство. Заради застареност поголема од 5 години,пак, е запрена постапката за поранешен претседател на кумановскиот суд, кој преправал судска пресуда со коректор.

Претседателот на Судскиот совет, Васил Грчев вчера пред новинарите појаснуваше дека не работат само по претставки од граѓаните, туку и по она што го пишуваат медиумите.Тој потенцираше дека голем број од претставките се неосновани,бидејќи како што рече,во судските спорови, секогаш има една незадоволна страна.Првиот човек на Судски совет мисли дека постои и големо незнаење околу тоа што е надлежност на ова тело, па дури и дека може да се менуваат судски одлуки.

„Состојбите во македонските судови не се толку лоши како што обично се мисли,па дури во многу работи се подобри од некои земји во ЕУ“, рече Грчев.

И за време на својата проштална средба со медиумите, Грчев, чиј мандат изминува на втори февруари и веќе е закажана седница за избор на негов наследник, тврдеше дека нема притисоци во работата на Советот. „Притисоци имало и ќе има, исто како и ургенции, и тоа не е изум на новото време, но дали некој ќе ги прифати е индивидуално“, оцени Грчев. Што се однесува до учеството на министерот за правда во Советот,тој го дели ставот на судската фела дека таму не му е местото, но како што рече, ако некој сака да врши влијание, не мора да биде таму и тоа може да го прави и по телефон.


#
Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар

Од: Kravata da se izmolzi
Датум: 26.01.2011 10:19:24
Za kravata lesno mozat clenovite na sudskiot sovet da utvrdat kolku mleko dava. Eve Manevski , bidejci e seuste clen na sudskiot sovet , a ima jako iskustvo od molzenje, neka ja izmolzi dva tri pati i ce se utvrdi kolku mleko dava, pa ce se donese pravilna presuda

Најди! во Утрински
Политика
Во лаптопот имало и службени документи?
Петмина нови сведоци денеска ќе зборуваат за „Пајажина“
Теута ја сврти плочата
А1 ќе тропа на сите врати
Место плата, за лекарите казна по учинок