Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Теута ја сврти плочата

Што се сменило во меѓувреме во односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, за и Арифи да го смени ставот, прашуваат аналитичари

Светлана Унковска

Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи во последното интервју се прикажа во сосема поинакво светло и со дијаметрално спротивни ставови од претходно. Досега беше сосема природно да слушаме, но и да прочитаме во нејзините колумни, критики за политиките на коалицискиот партнер на ДУИ во Владата. Беше вообичаено и таа самокритички да запраша што прави ДУИ во оваа Влада и кои се нејзините политички цели... Но, овој пат Арифи изненади, ретерирајќи во ставовите. Дали со ова падна и последниот бедем кој ги бранеше политиките и интегритетот на партијата и имаше храброст отворено да ги изнесува „поинаквите“ мислења на голем број сопартијци?

Поради несогласувањето со потезите на коалицискиот партнер, Арифи долго време суптилно наметнуваше идеја дека ДУИ треба да ја напушти власта. Но, сега таа, во интервју за радиото Слободна Европа,

вели дека коалицијата функционира добро и не мисли оти излегувањето од Владата може да има некаков придонес. Сепак, свртувањето на курсот на потпретседателката на интегративците е во насока на усогласување со ставовите на партискиот лидер Али Ахмети. За решавањето на спорот со името, таа застана зад неговите изјави дека е потребна поинтензивна интервенција од меѓународната заедница.

Политичките аналитичари се поделени во размислувањата во однос на промената на ставовите на Арифи. Од една страна се оценува дека тоа е рационално однесување на висок партиски функционер, а од друга страна дека таа сега го артикулира тоа што нејзиниот лидер го соопштува на средбите со граѓаните.

„Сметам дека ставовите на потпретседателката на ДУИ во нејзините колумни не беа соодветни со нејзиното внатрепартиско делување, но и со нејзиното дејствување како пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешни работи. Таа ниту еднаш не иницираше некакви активности, туку, се чини, дека само и' требаше да се огради од пропустите на партијата. Сега кога ДУИ е мобилизарана да објаснува што прави во Владата, сметам дека и Арифи е ставена во таа функција“, вели политичкиот аналитичар Артан Садику.

Тој смета дека во оваа ситуација најпогодена е Арифи, бидејќи таа не објаснува зошто ги променила ставовите. „Не е јасно што во меѓувреме се сменило во односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, поради што дошло до промена и на нејзиниот став.“, вели Садику.

За професорот Лазар Лазаров ова е рационално однесување на една политичар и според него тоа е за поздравување. „Самата промена на ставовите не треба да се осудува, бидејќи човек може да учи од сопствените грешки. И во политиката човечки е ако некој го смени ставот бидејќи дошол до сознание дека греши. Јас го поздравувам ваквото размислување на Арифи, бидејќи тоа е рационално однесување кое е во интерес на Македонија“, вели Лазаров. .

Во врска со идејата спорот со името да се решава со помош на меѓународни претставници, експертите не веруваат дека е можен некаков успех. „Такво медијаторство ќе биде многу тешко, бидејќи еден посилен притисок имаше и за време на самитот на НАТО во Букурешт, како и на последниот самит на ЕУ, но тоа не влијаеше да се дојде до решение. Каков било дипломатски притисок повторно нема да биде успешен, доколку владејачките структури не успеат да најдат широк политички консензус и општествена поддршка за овој процес“, оценува Садику.

Професорот Лазаров смета дека ако не не' примаат во ЕУ и во НАТО, Македонија треба да бара алтернативни решенија. „Преговорите се водат непосредно, со директни разговори и со учество на двете страни. Поголем притисок може да има само од САД од кого Грција е стратешко и економски зависна. Од друга страна, ако ЕУ и НАТО не не' примаат, ние треба да бараме други решенија, да се ориентираме кон други соработници, како Кина, Руската федерација“, вели Лазаров.


#
Статијата е прочитана 2038 пати.

Испрати коментар

Од: Zabludata na profesorot
Датум: 25.01.2011 12:20:27
Ne mozam da razberam kako univerzitetski profesor kako sto e L.L. moze da zaluta vo aut! Pa, ako edna jakaTurcija vlozuva ogromni napori da vleze vo Eu, no, tamu ne ja primaat, taka sto e prinudena da bara alternativi i ako edna Rusija isto taka svojata idnina ja gleda vo ili so EU, sto i ostanuva na krevkata Makedonija? Povtorno da bide ,,Oaza na mirot,, potocno crna dupka vo JIE i vo Evropa!?
Од: dalton
Датум: 25.01.2011 19:39:29
Komentarot na citatelot "zabludata na profeserot"e naakan komentar vo koj istiot mislenjeto na prof. Lazarov vo koj veli deka "treba da se baraat drugi resenija " vo koj, se spomenuvaat Kina i Ruskata federacija koi se clenki na Sovetot na Bezbednost pri ON, so toa mislam deka komentatorot e vo pogolema "zabluda "od zabludata na profesorot!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.01.2011 19:53:05
Туф,туф грижа зошто ете некој кој имал свое мислење а одело против коалициониот партнер било добро,а кога со нешто ќе се согласи тогаш има ,,вртење плоча,,. Разочарување тотално а се очекувало многу од неа ако продолжела во ист манир.Немора да сте брзоплети можеби пак ќе се врати на ,,старите патеки,, па ќе бидете задоволни и наголемо ќе ја цитирате.
Од: Kaj lezi zajakot?
Датум: 25.01.2011 22:35:13
Arifi reterirala od lukrativni pricini.Vo dilot medju VMRO i DUI, izgleda i se nasmevnuva foteljata vo Ministerstvoto za nadvoresni raboti. Ete tuka lezi zajakot.Onaj diplomat od Kicea, ce bide rekonstruiran.

Најди! во Утрински
Политика
Во лаптопот имало и службени документи?
Петмина нови сведоци денеска ќе зборуваат за „Пајажина“
А1 ќе тропа на сите врати
Судијата да пресуди зошто кравата давала помалку млеко
Место плата, за лекарите казна по учинок